Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

17 мај 2023 г.·2 мин читање·1978 прегледи

Следете не на Viber

БРАКО учествуваше на Отворениот ден на средното техничко училиште „Коле Неделковски“ во Велес, во пресрет на уписните рокови на новата генерација ученици.

На штандот на БРАКО младите ученици можеа да добијат информација како и на кој начин практично ќе учат за својата струка во рамките на фабриките во склоп на БРАКО, кој е една од компаниите партнери  каде се реализира практична настава и учење преку работа, во рамките на програмата за Дуално образование.

“Во  БРАКО се спроведува дуално образование за техничари за индустриска мехатроника ,техничари за производно машинство и заварувачи. Ние сме современа компанија која располага со  современа технологија и со комбинирање на теоријата од училиште и праксата во фабрика, создаваме вешт и стручен млад кадар, кој подготвено ќе се вклучи во производствените процеси на работното место кога ќе дојде денот за тоа“ – вели Олгица Минова, сертифициран ментор за „Дуално образование“ во БРАКО.

Преку овој проект, Делегацијата на германското стопанство овозможи кај нас да се воведат елементи од германскиот модел на дуално стручно образование, според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK).

„Во јуни и јули ќе има завршен теоретски и практичен испит за професијата Техничар за производно машинство според германски стандарди и на учениците ќе им биде доставена нова стручна германска литература“ -вели Дејан Чуповски ,Координатор на програмата Skills experts од Делегацијата на германско стопанство.

Клучни зборови

  • Брако
  • Дуално образование
  • Коле Неделковски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk