Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Вработените во ПроKредит Банка – најголеми шизици оваа есен!

6 дек. 2020 г.·2 мин читање·6626 прегледи

Следете не на Viber

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им  заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин.

Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на своите повеќе од 200 вработени им подари лимитирано издание на маица Шизик на ризик ексклузивно дизајнирана и произведена за таа намена.

Инспирација за дизајнот креативниот тим на Шизик на ризик најде во ретро велосипедските дресови, раскажувајќи приказна за еден смел велосипедист кој вози под боите и името на тимот наречен ПроKредит, храбро надминувајќи ги сите препреки и предизвици.

Преку овој одличен пример за автентична соработка помеѓу македонски моден бренд и банка, институцијата на вработените им покажа респект и благодарност за индивидуалните залагања и придонес кон тимскиот успех.

Маицата “Racer” е изработена од чист чешлан памук, има контрастни рабови на ракавите и околувратникот, а во хармонична целина ги спојува името и боите на Банката, како и потписот на возачот – Шизик На Ризик. Целата количина на произведени маици, во пакување кое содржи и подарок од Преплет, е поделена на вработените во ПроKредит Банка.

Клучни зборови

  • ПроKредит Банка
  • ПроКредит Банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk