Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Шел покајнички, сепак, се откажува од руската нафта

8 мар. 2022 г.·2 мин читање·4060 прегледи

Следете не на Viber

Нафтената компанија Шел одлучи сепак да престане да купува руска сурова нафта и најави дека постепено ќе го укине уделот на сите руски горива од нафта до природен гас поради Украина, со што стана една од првите големи западни нафтени компании што целосно ја напушти Русија.

Шел, исто така, се извини за купувањето руска сурова нафта минатата недела, откако соопшти дека ќе се повлече од своите операции во Русија, вклучително и фабриката Сахалин 2 ЛНГ во која има 27,5 отсто од акциите и со која управува Гаспром.

„Свесни сме дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта не беше правилна и жал ни е“, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Цените на нафтата се искачија над 139 долари за барел во понеделникот и го достигнаа своето највисоко ниво од јули 2008 година, бидејќи САД и европските сојузници почнаа да размислуваат за забрана на увоз на руска нафта поради инвазијата на Москва на Украина.

Шел купи товар руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура по рекордно ниско ниво од датиран брент минус 28,50 долари за барел, соопштија трговците во петокот.

Британскиот ривал Бритиш Петролеум минатиот месец соопшти дека се откажува од својот удел од 19,75 отсто во рускиот нафтен гигант Роснефт. Шел соопшти дека ќе го промени својот синџир за снабдување со сурова нафта за да ги отстрани количините од Русија „што е можно побрзо“ и да ги затвори своите бензински пумпи во Русија, како и своите операции за воздухопловни горива и мазива во земјата.

Компанијата рече дека промената на синџирот на снабдување може да потрае неколку недели за да се заврши и ќе доведе до намалено производство од некои од нејзините рафинерии, додека нејзиното повлекување од руските нафтени деривати, гасоводот и течниот природен гас (LNG) ќе биде постепено.

Компанијата, исто така, планира да го прекине своето учество во балтичкиот гасовод Северен тек 2 што ја поврзува Русија со Германија, за кој помогна да се финансира како дел од конзорциум.

Клучни зборови

  • нафта
  • русија
  • руска сурова нафта
  • Сурова нафта
  • Украина
  • шел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk