Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Шеф и пријател, дали овие две работи одат заедно?

7 дек. 2020 г.·2 мин читање·1261 прегледи

Следете не на Viber

Во денешниот современ свет, насекаде, дури и на работното место, повеќе се „простува“ и толерира. Порано беше незамисливо вашиот претпоставен да биде ваш пријател, некој со кого повремено ќе пиете кафе. Денес не е невообичаено компанијата да биде основана од некој помлад или да управува со неа, а потоа да собере тим од млади луѓе кои се слични на него.

Но, овој тип на врска носи еден вид ризик, бидејќи границата лесно се преминува. Вашите вработени мора да знаат дека вие сте, пред сè, нивниот шеф и секако после тоа и добар пријател.

Ова може да го покрене прашањето дали постои, тогаш, вистинско пријателство? Експертите велат дека има, но можеби не е тоа на што сте навикнале. Во една анкета, дури 66 проценти од менаџерите го наведоа ова како главна пречка: како да се премине од шеф на пријател?

Многумина сакаа да им се доближат на своите подредени со цел бизнисот да биде поуспешен, а некои природно и спонтано се приврзаа кон своите работници. Генерално, студиите покажуваат дека дружењето на работа, помеѓу шефот и работникот, има многу предности.

Прво, се потенцира зајакнување на довербата, лојалноста и поддршката, а потоа се зборува за подобра комуникација и поголем степен на среќа на работното место. Поблиската врска им овозможува и на шефот и на работникот да се отворат ако нешто им пречи, да се ослободат од стресот, да побараат помош доколку работата „заглави“, но таа врска не треба да се злоупотребува.

Ако сте вработени, не очекувајте дека вашиот шеф ќе ги толерира сите ваши грешки, дека ќе можете да доцните на работа или да не доаѓате кога ќе треба, без соодветно оправдување. Исто така, ако сте шеф, не барајте помош од работникот надвор од работното време – освен ако не е потребно и не го оптеретувајте со обврски, само затоа што е приватно „добар“.

Придобивките што може да ги има шефот од дружењето со вработените се: фер однос, подобро запознавање на некоја личност (доблести и недостатоци), пониско ниво на лажење или озборување на работа, градење односи со луѓе на кои им верувате.

Клучни зборови

  • личен развој
  • пријател
  • работа
  • шеф
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk