Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

СЕПА плаќања во АЛТА банка – побрз и поекономичен трансфер на евра

16 фев. 2026 г.·2 мин читање·2553 прегледи

Следете не на Viber

СЕПА кредитните трансфери се достапни за клиентите и корисниците на услугите на АЛТА банка АД Битола, овозможувајќи побрзи, поевтини и попредвидливи плаќања во евра, и за граѓаните и за компаниите. Современото решение за плаќања во евра кон и од земјите кои се дел од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) е воведено согласно регулативата на Народна банка и европските платни стандарди.

Што значи тоа во практиката? Со користење на СЕПА кредитните трансфери преку АЛТА банка, клиентите добиваат значително пониски трошоци во споредба со традиционалните трансфери, побрза обработка на трансакциите – најдоцна до следниот работен ден, како и транспарентна структура на надоместоци со примена на принципот SHA, односно поделени трошоци. Платниот промет се одвива во сигурна и стандардизирана рамка, усогласена со европските платни шеми, што овозможува едноставна и ефикасна реализација на плаќањата.

Овие кредитни трансфери се извршуваат исклучиво во европската валута, кон земји членки на СЕПА шемата и кон банки регистрирани за СЕПА кредитни трансфери, со што се обезбедува високо ниво на сигурност и можност за следење на трансакциите.

Услугата е наменета за граѓаните кои вршат плаќања во евра кон странство, за компаниите со деловни партнери во СЕПА зоната, како и за сите клиенти кои бараат побрзи и поекономични прекугранични плаќања. СЕПА кредитните трансфери преку АЛТА банка се реализираат според регулативата на НБРСМ, правилата за девизно работење, прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и европските платни стандарди и безбедносни протоколи.

Воведувањето на СЕПА кредитните трансфери претставува дел од развојната стратегија на АЛТА банка, насочена кон модерни и дигитални банкарски услуги.

Клучни зборови

  • SEPA кредитни трансфери
  • АЛТА банка АД Битола
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk