Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Семос Едукација е број еден едукативен центар во светот!

14 ное. 2023 г.·5 мин читање·2104 прегледи

Следете не на Viber

На глобалниот LLPA самит кој се одржа во Канкун (Мексико) од 06 до 10 ноември, Семос Едукација ја доби наградата LLPA Member of the Year за 2023! LLPA (Leading Learning Partners Association) e најголемата интернационална асоцијација на водечки едукативни центри, чии основачи и членки се најголемите ИТ едукативни центри во светот.

Асоцијацијата брои вкупно 33 членки кои испорачуваат ИТ тренинзи во повеќе од 55 земји од светот. Ова е огромно признание за Семос Едукација, првиот и водечки едукативен центар во Македонија, кој годинава прославува 28 години од своето постоење.

„Семос Едукација ја освои наградата како резултат на иновативниот пристап во повеќе области: бевме прв едукативен центар кој лансираше обуки за вештачка интелигенција (AI) кои ги промовираме и испорачуваме регионално, но и глобално. Го поттикнавме и го спроведовме најголемото глобално 6 месечно истражување за иднината на ИТ тренинзите во пост-ковид ерата. Бевме првиот тренинг центар во Европа кој го доби статусот Microsoft Solutions Partner for Training Services за Data&AI, Infrastructure, Digital App and Innovation врз основа на мерлив квалитет на испорачана обука и вкупен број на слушатели кои доаѓаат од корпорациите од земјата и од светот.“ – изјави Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација.

Константен напредок и раст

Минатиот месец, Семос Едукација прослави 28 години од основањето, а бројките со кои го обележа јубилејот се навистина неверојатни: повеќе од 135.000 студенти на преку 300 различни курсеви, обуки и академии во 24 земји ширум светот: „Веќе броиме повеќе од 200 вработени и предавачи, што не прави еден од најголемите тренинг центри во Централна и Источна Европа. Веќе трета година по ред, Семос Едукација припаѓа меѓу најдобрите 500 компании во Македонија. Ова значи дека сме помеѓу најдобрите 2% од компаниите според сите параметри за успешност, а без конкуренција сме број еден меѓу едукативните центри, според финансиските показатели на Бизнис Мрежа и Централен Регистар на Македонија.

Нашите слушатели доаѓаат од компаниите, со цел континуирано усовршување во најновите ИТ технологии, но исто така, илјадници невработени, мауранти и студенти, се слушатели на Семос Академиите. Нивната цел е влез во ИТ индустријата“ – додава Тасева.

Валентина Тасева нов член на бордот на директори на LLPA

Освојувањето на главната награда не беше единствената причина за радост во Мексико – Валентина Тасева беше едногласно избрана за член на бордот на директори на LLPA, што преставува признание кое е круна на нејзината 28 годишна кариера на чело на Семос Едукација: „За мене, да се биде член на бордот на директори на LLPA, освен признание, претставува и голема одговорност. Заедно со останатите членови на бордот, во периодот кој доаѓа ќе имаме задача да продолжиме да го трасираме патот за сите членки на LLPA, да го зголемиме бројот на земји во кои LLPA ќе биде застапена, да ги унапредуваме стандардите во ИТ образованието глобално и да ја оправдуваме довербата која ни е дадена од водечките светски ИТ образовни центри“ – вели Тасева.

Слушателите го препознаваат квалитетот

Квалитетот на понудената услуга претставува императив уште од основањето на Семос Едукација, а токму квалитетот е она кое ги прави различни: „Уште од 1995 година и воспоставување на првото партнерство со Microsoft (1998 година), Семос Едукација успеа да ги донесе најголемите светски ИТ брендови во Македонија: AWS, Cisco, Oracle, Java, EC-Council, WMware, ISTQB, CertNexus, Python Institute, Adobe, Autodesk, Unity… Постојаниот раст на компанијата се должи и на фактот што сите обуки кои ги нудиме се сертифицирани од водечките светски вендори, па така, по завршените обуки, нашите студенти, покрај знаењето и вештините, се стекнуваат со сертификати кои се меѓународно препознаени и признаени.“ – коментира Тасева.

ПР Објава

Клучни зборови

  • LLPA самит
  • Валентина Тасева
  • Канкун (Мексико)
  • Семос Едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk