Минатата година на 16.166 фирми им била блокирана сметката. Ако се земе предвид дека во 2025 година имало 171.164 правни субјекти, како што покажуваат податоците од Централниот регистар, грубата математика покажува дека речиси секоја десетта фирма лани „паднала“ под блокада. Некоја еднаш, некоја и повеќепати, така што вкупниот број на извршени блокади бил дури 58.778, покажува анализата на „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа.
Сметката на фирма (правно лице) се блокира кога постои извршна основа за присилна наплата. Најчестите случаи се: правосилна судска пресуда, решение за извршување од извршител, нотарски платен налог, из…