Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Секој петти граѓанин знае што е сиромаштија – Лаекенски индикатори за 2023 година

23 сеп. 2025 г.·3 мин читање·2396 прегледи

Следете не на Viber

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2023 година изнесува 22,2 проценти. Без социјалните трансфери нивото би достигнало и до 40 проценти, односно тие мерки ја намалуваат стапката речиси за половина. Сепак, и со нивна помош, секој петти граѓанин живее со приходи пониски од утврдениот праг.

Ова го покажуваат лаекенските индикатори за сиромаштијата за 2023 година, кои Државниот завод за статистика ги пресметал врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење. Како што се наведува, основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход.

 

За домаќинство на самец тој праг е лоциран на 144.578 денари годишно, што е еднакво на 2.350 евра. И претпоставува дека своите дневни потреби лицето треба да ги намири со нешто помалку од 400 денари.

Пргот за четиричлено семејство од двајца возрасни и две деца е 303.614 денари годишно (4.936 евра). Тоа би значело дека месечно се располага со 25.300 денари, а дневно со околу 832 денари. За храна, сметки, облека, превоз…

Сиромаштијата најмногу ги погодува децата и жените. Статистичките податоци укажуваат дека кај малолетните лица до 17 години стапката достигнува 30 проценти, додека кај возрасната популација (18-64 години) е 20,5 проценти, а кај постарите лица над 65 години е 19,2 проценти. Генерално, жените се под повисок ризик (22,5 проценти) во споредба со мажите (21,9 проценти).

Најранливи се невработените потврдуваат и бројките во сегментот економска активност, кај кои има големи разлики. Додека меѓу вработените сиромашни се 8,4 проценти, кај невработените оваа стапка достигнува дури 47,5 проценти. Најдобростоечки се пензионерите, односно најмалку се подложни на ударот од сиромаштијата. Конкретно, вели статистиката за 2023 година, стапката на сиромаштија меѓу пензионерите е 11,3 процнети. И тоа, кај мажите е 16 проценти, а кај жените 4,5 проценти.

Од аспект на типот на домаќинствата, сиромаштијата е најизразена кај многудетните семејства, или како што се категоризирани – со двајца возрасни и три и повеќе издржувани деца. Овде стапката е високи 48,9 проценти. Со 45 проценти следуваат самохраните родители. Кај домаќинствата, пак, со тројца и повеќе возрасни, стапката на сиромаштија е најниска, измерени се 10,1 процент.

Кај индикаторите за сиромаштија и социјална исклученост, наведена е нерамномерната распределба на приходите според S80/S20 квинтилен, која покажува дека најбогатите 20 проценти од населението имаат 5,6 пати поголем приход од најсиромашните 20 проценти. Овој податок ги нагласува постојните економски разлики меѓу различните слоеви на населението, а коефициентот на Џини од 30,3 проценти упатува на умерена нееднаквост во распределбата на приходите.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • лаекенски индикатори
  • праг на сиромаштија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk