Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во јули избројал 330 884 пензионери. Од нив дури 82 191 или секој четврти пензионер зема најниска пензија. Бројот на пензионери со максимални пензии, пак истиот месец изнесувал 1366, односно во 242-ца пензионери еден може да се пофали дека зема висока пензија, покажува најновата статистика на Фондот.
ПИОМ објави дека просечната пензија во јули изнесувала 16,348 денари. Најниските пензии се движат од 10,276 денари до 13,172 денари. Највисоките пензии, пак, започнуваат од 41,724 денари до максималната 60,294 денари којашто започна да се исплаќа од март месец.
Она што се забележува од податоците е дека и натаму се продолжува јазот меѓу пензионерите во однос на примањата, односно побрзо расте бројот на пензионери со минимална примања, како и со повисоките од бројот на пензионери со средни примања, покажува анализата на „Пари”.
Претходно во статистиката за јуни месец може да се забележи дека 90 162 пензионери земале пензии до 11,500 денари. Според последните бројки за јули во оваа гр…