Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Секогаш тука една за друга – Тоа нѐ прави посилни

8 мар. 2024 г.·3 мин читање·520 прегледи

Следете не на Viber

Најголемиот дрогериски ланец dm дрогерие маркт со силна порака по повод Денот на жената – 8 Март.

Наративот за економска, политичка и социјална рамноправност е традиционално сеприсутен кога станува збор за одбележувањето на Меѓународниот ден на жената. Но, дали се ова навистина единствените поими што треба да го симболизираат овој голем ден?

Славејќи ги жените секој ден, најголемиот дрогериски ланец во Европа – dm дрогерие маркт, оди чекор понатаму и го поврзува Денот на жената со нешто што посебно ги одликува жените: инспирација, поддршка и заедништво! Водени од оваа мисла, dm дрогерие маркт во текот на целата година голем број од своите активности фокусира токму на благосостојбата и здравјето на жените преку создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси.

„Како компанија во која повеќе од 90% од вработените, а и исто толкав број од купувачите се жени, насочени сме кон целта, позитивно да придонесеме кон нашата заедница и да создадеме услови кои ќе ги придвижат работите кон една попозитивна точка од која секоја жена ќе има бенефит за сопственото здравје и нега. Соодветно на ова ги планираме нашите активности и го формираме нашиот асортиман, сѐ со цел да одговориме на потребите на нашите верни купувачи“ – изјавија од компанијата.

Понудата на повеќе од 1.800 парфеми, шминки и подарок сетови, создадена специјално за Денот на жената јасно ја покажува заложбата на компанијата за оплеменување на потрошувачките потреби на жените. Покрај ова, од компанијата најавија дека секоја жена која ќе пазарува на 8 Март во дрогериите на dm ќе добие симболичен подарок – приврзок со инспиративна порака по повод Денот на жената.

Но, поддршката за жените и нивните потреби од страна на компанијата е далеку од само асортиманска. Само во изминатата година, dm дрогерие маркт, со цел поддршка и зајакнување на жените, реализираше низа активности во форма на стручни советувања и експертски соработки за подигнување на свеста за женското здравје. Под слоганот „{ЗАЕДНО} за подобро утре“ компанијата распиша и конкурс за поддршка на проекти за подобрување и зачувување на женското здравје, преку кој со средства во висина од 3 милиони денари, компанијата поддржа реализација на 6 проекти пријавени на конкурсот. Оваа година, како иницијатива за намалување на менструалната сиромаштија и зголемување на менструалната правда, компанијата ги намали цените на влошките и тампоните од сопствената трговска марка Jessa.

Имајќи ги предвид сите овие активности и заложби на компанијата за жените и нивните потреби, не е ни чудно што токму dm е едно од омилените места за пазарување на повеќето жени. Како што изјавија од компанијата, активностите за поддршка на жените ќе продолжат и ќе се интензивираат во годините кои претстојат, а целта ќе остане иста: Создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • dm дрогерие
  • Денот на жената – 8 Март
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk