Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЕДУМ ИНВЕСТИЦИИ ќе ја „оживеат“ македонската економија оваа година

16 сеп. 2024 г.·2 мин читање·3749 прегледи

Следете не на Viber

Странските инвестиции играат значајна улога во подигање на економскиот раст, особено за малите и отворени земји како што е нашата. Тие имаат позитивен импакт врз вработеноста, секторската и извозната диверзификација, воведувањето напредна технологија, зголемувањето на конкурентноста и креирањето човечки капитал.

-Со носењето на седум нови инвестиции оваа година ќе се отворат нови работни места, и ќе се овозможи подобар и поквалитетен животен стандард – истакна премиерот Христијан Мицковски.

Новата белгиско-германска инвестиција за која денеска ќе биде поставен камен-темелник, е четвртата од низа најавените инвестиции кои ќе придонесат за раст на економијата и за зголемување на бројот на вработени. Премиерот додаде дека во наредниот период се подготвуваат уштре три нови инвестиции, вкупно седум за 2024 година.

– Веќе отпочнавме неколку инвестиции. Очекуваме денеска уште еден камен-темелник на уште една белгиско-германска инвестиција. Но, во периодот што следи очекуваме почеток на нови инвестиции на компании кои се веќе присутни во земјава. Се очекува проширување на производството на компаниите, проширување на портфолиото на овие компании. Ние како влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во тоа бидејќи за мене и за владата  нема поголемо задоволство кога ќе отворите ново работно место односно да помогнете некој граѓанин да остане дома наместо да замине – нагласи Мицкоски.

Првите индикатори во економијата за јули и август за него биле охрабрувачки, бидејќи податоците покажале поголемото индустриско производство, со големо учество на преработувачката индустрија.

– Охрабрува 3,8- 4 проценти после неколкумесечниот пад, којшто беше посебно жесток во месеците април, мај, јуни. Сега конечно имаме позитива и очекувам во месец август и во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство – вели Мицкоски.

Претседателот на Владата додаде дека и во вториот квартал, БДП е 2,3 проценти и е над очекувањата што беа поставени од многу меѓународни финансиски институции.

– Доколку се анализираат сите овие податоци има раздвижување во економијата – изјави Мицкоски.

Клучни зборови

  • економија
  • нови инвестиии
  • Странски инвестиции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk