Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

СЕ РАБОТИ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА – Инвестиција од над милијарда денари, ќе биде готова за три години

16 фев. 2024 г.·2 мин читање·2034 прегледи

Следете не на Viber

Во тек е реконструкцијата на Универзалната сала. За работите што ќе се изведуваат годинава, 120 милиони денари се обезбедени од Министерството за култура. Средства се предвидени и за наредните две години – по 443 милиони денари, информираше ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, веќе се бројат деновите до отворањето на култната скопска сала.

Универзалната сала треба да е готова за три години. Согласно предвидените суми, вкупната инвестиција во ова значајно обележје на Скопје, треба да изнесува над една милијарда денари или повеќе од 16 милион евра.

Досега, вели министерката, ништо не можело да се преземе, поради нецелосната документација.

„При преземањето на документите од Универзална сала не ни беше дадена целосната документација. Ние ја баравме преку Министерството за правда, преку државен правобранител. Токму затоа ништо досега не можеше да се придвижи“, појасни министерката и додаде дека од Министерството за култура е направена ревизија на проектот и добиено е позитивно мислење со сите измени кои биле вметнати. Изведувачот е истиот кој ја започнал реконструкцијата.

Првичните 67 милиони денари предвидени за овој зафат се вратени во државниот буџет, затоа што немало можност да бидат искористени, поради долготрајниот процес на преземање на документацијата, посочи Костадиновска Стојчевска.

Реконструкцијата на салата почната во времето на градоначалникот Петре Шилегов, ја стопираше градоначалничката Данела Арсовска. Таа беше категорична дека се работи за проект кој не е безбеден. Градот, со одлука на Советот, минатата година реши ингеренциите врз Универзална сала времено да ги отстапи на Министерството за култура, за да може да се заврши реконструкцијата. Активностите се обновија по двегодишен застој.

Клучни зборови

  • Универзална сала
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk