Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

31 мар. 2026 г.·2 мин читање·1255 прегледи

Следете не на Viber

Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години.

На оваа сесија беше претставен научниот труд „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија” од авторот Кирил Симеоновски. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика Султанија Бојчева-Терзијан, којашто истакна дека трудот обработува особено важна и актуелна тема – финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници во македонската економија. Таа нагласи дека, имајќи ги предвид зголемената неизвесност, сѐ поголемите трошоци за живот и променливите финансиски услови, од особено значење е да се разбере способноста на домаќинствата за навремено отплаќање на нивните кредитни обврски. Овој аспект, како што посочи, е од суштинско значење не само за благосостојбата на секое домаќинство, туку и за одржувањето на стабилноста на целокупниот финансиски систем.

Главната цел на овој труд е да се изработи рамка за анализа на финансиската ранливост на домаќинствата во македонската економија коишто се корисници на кредитни производи од банките и штедилниците во земјата. Анализата се потпира на методологија којашто се заснова на пристапот на анализа на ранливоста од аспект на ликвидноста. Како мерки на ранливост се утврдени показателот ДСТИ (англ. debt service-to-income) и релативната финансиска маргина, при што праговите на ранливоста за двата показатела се определени врз основа на економската литература и домашната регулатива. Рамката нуди можности за анализа на финансиската отпорност на домаќинствата преку задавање макроекономски шокови и оцена на нивните ефекти врз солвентноста на ниво на македонскиот банкарски систем.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија е планирана за јуни оваа година.

Клучни зборови

  • Клуб на истражувачи
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk