Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоБерза

Се одржа 48. сесија на Клубот на истражувачи: Презентиран трудот награден од Народната банка

22 сеп. 2023 г.·2 мин читање·605 прегледи

Следете не на Viber

Tрудот награден со Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка – „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ од Александра Данева, беше презентиран на последно одржаната 48. сесија на Клубот на истражувачите.

Сесијата ја отвори вицегувернерката Ана Митреска, која посочи дека Народната банка преку поголем број активности и иницијативи дава поддршка и ја стимулира креативната научно-истражувачка работа од областа на економијата и финансиите. Една од тие алатки е Годишната награда за млади истражувачи, која годинава ѝ беше доделена на Александра Данева. Трудот се одликува со конзистентност на тезите и истражува релевантна област којашто се однесува на испитувањето на карактеристиките на фирмите коишто влијаат врз приносите на акциите со кои се тргува и моделирањето индекс на променливост за Македонската берза.

Авторката Данева посочи дека овој труд истражува кои карактеристики на фирмите влијаат врз повратот од акции и го пресликуваат индексот на нестабилност на Македонската берза, којашто е во подем. Покрај тоа, повратот на индекс и карактеристиките на фирмите се споредуваат со една развиена земја како што е Словенија, за да се види дали пазарите во земјите во подем значително се разликуваат од веќе развиените. Анализата на овој труд е поделена на три дела и се заснова на податоци во периодот од 2017 до 2021 година.

По завршување на презентацијата, беше отворена дискусија помеѓу учесниците на сесијата.

Клубот на истражувачите е отворена платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели. Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер и може да се направи преку барање за членство на следнава електронска адреса: info@nbrm.mk. Членовите добиваат редовни известувања за сесиите и активностите на Клубот на истражувачите.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за поднесување труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. Следната сесија ќе се одржи во декември годинава.

Клучни зборови

  • Клуб на истражувачи
  • Народна банка
  • Научен труд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk