Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЕ ОЧЕКУВААТ ОКОЛУ 35 ИЛЈАДИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, пристигна првиот чартер лет со 180 германски туристи

17 фев. 2025 г.·3 мин читање·2177 прегледи

Следете не на Viber

Околу 180 германски туристи пристигнаа викендов во Скопје со авионот на компанијата Freebird Airlines. Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори, во соработка со Владата, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни и од октомври до декември.

„Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи“, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Концептот е секој турист да помине по два дена во Скопје и во Охрид со што ќе се потикне туристичката дејност, а очекувано е да се зголеми и девизниот прилив на државата.

Freebird Airlines Europe е потврден како оперативен превозник за голем број чартер летови до Скопје од Германија, Обединетото Кралство и Франција.

Како што беше претходно објавено, услугите започнаа на 16 февруари. Freebird неодамна аплицираше за слотови за да работи по еден неделен чартер од Лондон Гетвик и Манчестер до македонскиот главен град.

Главниот извршен директор на германскиот тур-оператор RSD Reisen Хорст Живковиц, истакна дека нивните клиенти со нетрпение чекаат да ја посетат нашата земја и оти до крајот на сезоната планираат да донесат 35.000 гости.

„Досега имаме договорено летови за 25.000 патници кои ги резервираа овие тури од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, и до крајот на сезоната очекуваме да донесеме 35.000 гости. Убеден сум дека гостите ќе уживаат во вашата прекрасна земја, историјата и топлото добредојде на луѓето кои живеа овде. Јас навистина уживав кога ја посетив Македонија“ изјави Живковиц.

Се очекува да има летови и од Франкфурт, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз Шарл де Гол, Лион и Марсеј. Freebird Airlines Europe ќе ги одржува услугите во име на германскиот тур-оператор RSD, информираа од компанијата лани во ноември.

Николоски истакна дека веќе од следниот месец ќе започнат да оперираат и првите летови кои владата преку Министерството за транспорт финансиски ги поддржува.

„Започнуваат првите летови што се дел од новата владина програма за субвенционирање. Веќе имеме десет летови од скопскиот и охридскиот аеродорм и се надевам дека ќе растат. Можам да најавам дека Туркиш ерлајнс ќе започне веќе од 27 март, а исто така и Визер на линијата Базел –Охрид”, посочи вицепремиерот Николоски.

Клучни зборови

  • охрид
  • скопје
  • скопски аеродром
  • туристи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk