Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Сѐ или ништо за голем пакет акции од „Тиквеш“: Почетната цена 1,8 милиони евра

15 авг. 2025 г.·2 мин читање·4376 прегледи

Следете не на Viber

Голем пакет со 10.646 акции од Винарската визба „Тиквеш“ оди на јавна берзанска аукција, која ќе се одржи идната среда. Почетната цена е 10.596 денари за акција. Или, за хартиите од вредност кои обезбедуваат 3,94 проценти од акционерскиот капитал на компанијата, треба да се платат минимум 112.805.016 денари, односно над 1,8 милиони евра.

„Ве известуваме дека на 20.08.2025 година (среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) ќе се понудат за продажба 10.646 обични акции издадени од ВВ Тиквеш АД Кавадарци што претставува 3,94% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 10.596,00 денари по акција преку моделот се или ништо“, наведено е во известувањето од Македонска берза.

Винаријата на бизнисменот Светозар Јаневски работи успешно. Минатата година, според податоците од Бизнис Мрежа, остварила вкупни приходи од 3.725.700.111 денари (60,6 милиони евра) и нето-добивка од 276.124.471 денар (4,5 милиони евра). И прометот и профитот бележат постојан раст во текот на последните пет години. Лани „Тиквеш“ функционирал со 208 вработени, а просечната плата изнесувала 52.674 денари.

Што се однесува до годинешново работење, за првото полугодие во ставката приходи од продажба се запишани се 1.679.465 илјади денари (27,3 милиони евра). Најголемиот дел (над 15,8 милиони евра) се приливи од извоз, кои се проследени со годишен раст, исто како и ефектите од продажбата на домашниот пазар. Паралелно со тоа, зголемена е и полугодишната добивка, која по одработените шест месеци е во износ од 133.377 илјади денари или 2,2 милиони евра.

 

Клучни зборови

  • Винарија Тиквеш
  • голем пакет акции
  • јавна берзанска аукција
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk