Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЕ БАРААТ ЗАКУПЦИ за „МАКЕДОНСКО СЕЛО“ – почетна цена 4.000 евра

30 јан. 2025 г.·2 мин читање·2485 прегледи

Следете не на Viber

По шест години затворени порти, од први јуни комплекост „Македонско село“ повторно ќе заживее, доколку поставените услови во објавениот владин оглас се прифатливи за потенцијалните закупци. Почетната цена за закуп на целиот комплекс е 240 илјади денари или околу четири илјади евра. А, за концесија на поединечни делови, стартните износи се: 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

Од владината Служба за општи и заеднички работи уверуваат дека „на законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со Македонско село“. Конкретно, изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку систем со  кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. „Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година“, наведуваат од СОЗР.

Комплексот лоциран на Водно, наспроти манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, е затворен од 2018 година, со одлука на тогашниот менаџмент поради нерентабилност и загуби. Концесионер беше Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“ и екс градоначалник на Центар. „Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување“, нагласуваат од таму, додавајќи дека е достигнат износ од околу 350.000 евра.

„Веруваме дека со избор на нов концесионер, ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување. Со обновата на комплексот Македонско село ќе се создадат и услови за посети од туристи и домашни гости, што ќе ја зајакне туристичката инфраструктура и понуда во регионот, а истовремено ќе придонесеме и за презентирање на традиционалните македонски занаети, културното наследство и автентичната архитектура“, велат ос СОЗР.

Во составот на комплексот се 12 тематски куќи – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора. Во изградбата која почна во 2011, а заврши во 2016, беа потрошени 6,5 милиони евра.

Клучни зборови

  • Македонско село
  • оглас за закуп
  • почетна цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk