Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЕ БАРААТ ГОТВАЧИ, КЕЛНЕРИ, РЕЦЕПЦИОНЕРИ: На стартот на туристичката сезона, Грција мака мачи да пополни 80 илјади работни места во туристичкиот сектор

5 мај 2025 г.·2 мин читање·6653 прегледи

Следете не на Viber

Во пресрет на полниот ек на туристичката сезона, Грција, која е меѓу најпопуларните дестинации во Европа, има проблем со дефицит на работници. Недостатокот е таков што само неколку недели пред пристигнувањето на туристите, околу 80.000 работни места сè уште не се пополнети во прехранбениот и хотелскиот сектор – ‘рбетот на индустријата која, со 25% од БДП, е моторот на грчката економија, пишува британски Гардиан.

Низ целата земја, хотелиерите се во трка да најдат менаџери на рецепција, чистачи, спасувачи, персонал на врата, келнери и готвачи. На големите острови како Крит и Родос, извештаите за хотелиерите кои ги крадат вработените од конкурентите со ветувања за подобри плати и услови за работа се зголемија.

„Делумно тоа е наследство од пандемијата, која ја почувствува цела Европа, но во Грција проблемот е особено акутен“, рече Јоргос Хоцоглу, претседател на Панхеленската федерација на работници во угостителството и туризмот (POEET). „Она што го гледаме е невиден недостаток на квалификувани и искусни работници, особено во хотелската и прехранбената индустрија, по егзодусот на вработените за време на карантинот. Многумина никогаш не се вратија. Како резултат на тоа, сега се потребни околу 80.000 работни места.“

„Оваа година е потешка од минатата“, рече Јанис Хацис, претседател на Федерацијата на хотелиери во Грција. Клучните дестинации како Санторини, Крит и Родос мака мачат да најдат работници.

Договорите под маса во угостителскиот сектор го влошуваат проблемот. „Не можам да се натпреварувам со таверните што плаќаат „црни“ плати“, рече Лена Папија, хотелиерка во Пераја, која вели дека ѝ требаат 15 келнери, но има само 10.

Многу бизниси се потпираат на странски работници од земји како Филипините и Индија, но доцнењата во работните дозволи и недостатокот на специјализирана обука продолжуваат. „Многу е тешко да се најде добар келнер – не сум целосно екипирана, имам многу недостатоци и сум принудена да работам повеќе со неквалификувани работници“, додаде Марина Кокотос од хотелот Елунда Маре, пишува Катимерини.

(Фото: Realgreekexperiences)

Клучни зборови

  • грција
  • дефицит на работна сила
  • туристичка сезона
  • угостителство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk