Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Се бараат дополнителни 20 милиони евра од ЦЕБ за фискултурн- Камата ќе се одредува за секоја транша

17 јан. 2026 г.·3 мин читање·4254 прегледи

Следете не на Viber

Владата ќе се задолжи 20 милиони евра кај Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), а парите ќе се користат за опремување на фискултурни сали, за рехабилитација и енергетска обнова на основни и средни училишта. Заемот ќе се повлекува во најмалку две транши. А каматата, како и другите финансиски услови ќе се утврдуваат одделно за секоја транша. Максималниот рок за отплата е до 20 години, со можност за грејс-период до пет години, а средствата ќе се отплаќаат од државниот буџет.

Ова се главните детали од Предлог-законот за задолжување со заем од 20 милиони евра од ЦЕБ, наменет за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, што Владата го достави во Собранието.

Според предложеното законско решение, проектот ќе се финансира со 20 милиони евра заем од ЦЕБ, како и со 3 милиони евра што ќе се обезбедат од државниот буџет, како што е наведено – без пресметан ДДВ. Проектот ќе го спроведува постојната Единица за имплементација во рамки на Министерството за образование и наука. Услов да се добијат парите од ЦЕБ е пратениците да го изгласаат владиниот предлог.

Со дополнителното финансирање е предвидена изградба, надзор и опремување на 30 фискултурни сали во основни училишта, како и рехабилитација и енергетска обнова на основни и средни училишта. Притоа, предлагачот се повикува на проценката дека „директни корисници на дополнителното финансирање се околу 20.000 ученици и 350 наставници, при што се очекува 15.000 ученици да имаат корист од новите фискултурни сали“.

Од Владата посочуваат дека со реализацијата на проектот ќе се овозможи непречено спроведување на наставата по физичко и здравствено образование, организирање спортски натпревари и активности, формирање училишни спортски клубови, како и зголемување на вредноста на училишните објекти. Дополнително, локалното население ќе може да ги користи салите за рекреација надвор од наставното време, а училиштата би остварувале и дополнителни приходи за одржување на објектите.

Во овој проект, пишува во воведот на предлог-законот, досега успешно се имплементирани 30 милиони евра, исто така заем од ЦЕБ, како и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан во вкупен износ од 5 милион евра и грант од 1,1 милион евра од ЦЕБ. Од Владата велат дека тоа „овозможи подобрување на условите за образование… изградени и опремени се 70 фискултурни сали во основните училишта… завршена е реконструкција на 90 основни и средни училишта“.

Предлог-законот наиде на реакции од опозициската СДСМ. Пратеничката Сања Лукаревска неодамна ја обвини Владата дека продолжува со нови задолжувања без јасна финансиска рамка и без наведена каматна стапка во законското решение, што според неа ја доведува во прашање транспарентноста на задолжувањето. Како што рече, во државната каса недостигаат околу една милијарда евра, кои се покриваат со нови кредити што ќе ги отплаќаат идните генерации. Воедно, ги посочи и проекциите на Светска банка, дека јавниот долг годинава би можел да достигне 62,9 проценти од БДП што, како што оцени, ја позиционира земјата меѓу најзадолжените во регионот. Од СДСМ најавија дека ќе се спротивстават на предложеното задолжување и ќе бараат намалување на јавните трошоци и поголема поддршка за граѓаните.

Клучни зборови

  • заем
  • предлог закон
  • фискултурни сали
  • ЦЕБ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk