Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови

Сава Ре со одличен кредитен рејтинг

24 окт. 2020 г.·2 мин читање·2842 прегледи

Следете не на Viber

По редовниот годишен преглед, агенцијата за рејтинг AM Best го потврди „A“ рејтингот на финансиската моќ и „А“ долгорочен кредитен рејтинг на Сава Ре, при што перспективата ја оцени како „стабилна“.Билансот на состојба е оценет како многу силен, оперативните перформанси како силни, влијанието на деловниот профил врз рејтингот како неутрално и управувањето со ризикот на компанијата соодветно на организацијата на Групацијата.

Агенцијата во своето соопштение наведува дека нејзината проценка за многу силната финансиска позиција е резултат на високо ниво на прилагодена капитализација, портфолиото на ликвидни инвестиции, претпазливото резервирање и добро внатрешно генерирање на капитал. Со малото потпирање на компанијата кон реосигурување, здрава финансиска флексибилност и пристап до пазарите на капитал. Агенцијата очекува финансиската позиција на компанијата да остане многу силна на среден рок.

Покрај тоа, Агенцијата истакнува дека Сава Ре има историја на остварени силни и стабилни резултати во работењето градени на добрите резултати во неживотно и животно осигурување и дополнети со здрави приходи од инвестиции. Агенцијата очекува деловните перформанси да останат силни на среден рок, поддржани од дисциплинирано преземање на осигурителен и инвестициски ризик.

Понатаму, Агенцијата забележува дека Сава Ре,поддржана од силната позиција на нејзиниот основен пазар во Словенија, каде што по купувањето на словенечката компанија за животно осигурување НЛБ Вита, има удел на пазарот од околу 19%, активно ја развива својата позиција на пазарите на Западен Балкан. AM Best очекува да види понатамошна географска диверзификација на среден рок и во директните и во сегментите за реосигурување, бидејќи Групацијата продолжува претпазливо да ја гради својата позиција на меѓународниот пазар на реосигурување.

Клучни зборови

  • AM Best
  • Агенција за кредитен рејтинг АМ Бест
  • Сава Ре
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk