Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Сашко Спиров, Стамена Галева и Астрина Џафери од Халкбанк ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024 година

6 ное. 2024 г.·3 мин читање·2553 прегледи

Следете не на Viber

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024 – Сашко Спиров, Стамена Галева и Астрина Џафери од Халкбанк за нивната посветена работа и остварени резултати.

Сашко Спиров – постар референт за банкарски операции – филијала Св. Николе вели на порталот Пари дека најдобар службеник се станува со посветена работа со одговорност и љубов кон самата работа.

–Ни најмалку не е лесна работата со луѓе, но важни се луѓето. Банкарските службеници се лицето на банката и мора да бидат посветени и професионални во секој поглед. Наградата за најуспешен банкарски службеник за мене значи едно признание од Халкбанк за долгогодиншната успешна работа и посветеност. Наградата за мене и самата банка значи дека професионалноста на самите службеници, а со тоа и на Халкбанк е на високо ниво. Секогаш се стремиме за нешто подобро. Со посветеност и работа се станува број 1 не само на банкарски службеник туку и на Халкбанк како една од битните фактори во банкарскиот сектор во нашата држава. Допрва доаѓа времето на Халкбанк – објаснува Спиров.

Стамена Галева – помлад референт за банкарски операции – филијала Струмица вели дека задоволството што секоја награда го носи е неспорно.

–Наградата доаѓа како потврда за успешноста на работата и валоризација на целиот труд кој го вложувате на професионален план каде работите, а клучот на успехот е токму силната мотивација, упорност и многу работа. Од друга страна нагрaдата е и поттик и во иднина да продолжите да се давате себеси, да се надградувате и да напредувате во кариерата – ни изјави Галева.

Астрина Џафери – постар референт за банкарски операции – филијала Тетово низ разговор ни истакна дека изборот за најдобар банкарски службеник од Македонската Банкарска Асоцијација не претставува само личен успех, туку и признание за банката каде работи.

За да се стане најдобар банкарски службеник, клучни се потребите и разбирањето  на клиентите, да се нуди креативно решение и да се гради доверба. Успехот не доаѓа сам, туку се гради на темелите на тимско работење и поддршка од колегите. Ова признание е резултат на мојата посветеност и упорност за професионален развој. Задоволство и голема одговорност е да ја претставувам банката на најдобар начин и да ги поттикнам и инспирирам и другите да се залагаат за професионализам и посветеност во работата. Честитки за сите колеги што добија признаниа, а на Макадонската Банкарска Асоцијација и се заблагодарувам за оваа награда – вели Џафери.

Клучни зборови

  • мба
  • најдобри банкарски службеници за 2024
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk