Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сашко Кузманов со понуда за преземање на струмичко „Единство“

30 авг. 2023 г.·3 мин читање·1505 прегледи

Следете не на Viber

Со решение од Комисијата за хартии од вредност Сашко Кузманов доби дозвола која му овозможува да даде понуда за преземање на друштвото „Единство“ АД Струмица.

Понудата се однесува на 7.734 обични акции со право на глас. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 80 денари по акција.

Според информацијата од КХВ, рокот за прифаќање на понудата е 28 дена од нејзиното објавување. Кузманов како преземач ја нема утврдено најмалата количина на обични акции со право на глас, која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна.

До денот на објавување на намерата за преземање, Сашко Кузманов поседува 17.232 обични акции, односно 42,66 отсто од основната главнина на струмичко „Единство“.

„Лицето  Сашко Кузманов врз основа на член 5 став 1 точка 4 од Законот за преземање на акционерски друштва дејствува заеднички со акционерот Иљо Кузманов, кој е семејно поврзан со преземачот, односно е негов татко. Акционерот Иљо Кузманов поседува 15.431 обични акции, односно 38,20% од основната главнина на “Единство” АД Струмица“, наведено е во објавата на Комисијата.

„Единство“ произведува наменски – униформи за полиција, војска, за железници, пошти, банки, а има и производен школски програм. Се работи за машки и женски панталони и сако, а како специјалност се посочува изработката на производи од Горeтекс технологија. Производите се наменети за домашниот, но се извезуваат и на странски пазари.

Сашко Кузманов е генерален директор и претседател на Управниот одбор, во кој членуваат Димитар Поповски и Александар Поповски. Надзорниот одбор, пак, е во состав Иљо Кузманов, Живко Поповски и Милан Кузманов.

Како што пишува и во објавата на КХВ, таткото Иљо Кузманов е акционер кој поседува над пет отсто од акциите. Синот, пак, поголемиот дел од акциите ги купил неодамна, поточно во јули. Тогаш станал сопственик на 38,19 проценти од акциите. Всушност, го купил целиот пакет кој претходно го поседувал Димитар Поповски.

Останатите 19,14 отсто од акционерскиот капитал на компанијата е во рацете на 60 помали акционери.

Инаку, „Единство“ постои од 1966 година, а формирано е од група граѓани како Задруга за шивачки услуги и промет со готови текстилни производи.

Податоците достапни на Македонска берза покажуваат дека компанијата повеќе има подеми отколку падови. Последниве години бележи раст на приходите од продажбата – за 7,82 насто лани и за 9,16 проценти во 2021. За разлика од ова, во 2022 има минус од 55,21 процент. Лани оперативната добивка изнесувала речиси 59 илјади евра, но добивката по оданочување е мала – 48.000 денари.

Извештајот за работењето во првата половина од годинава бележи оперативни приходи од 447 илјади евра, оперативни расходи од 1,8 милиони евра, оперативна загуба од 1,3 милиони евра.

Клучни зборови

  • „Единство“ АД Струмица
  • Комисијата за хартии од вредност
  • Сашко Кузманов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk