Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

САСА ја доби националната награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година

26 окт. 2023 г.·3 мин читање·1235 прегледи

Следете не на Viber

Рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица е највисоко рангираниот деловен субјект во годинешниот избор на компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа, што го спроведе Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. САСА освои најголем број поени во оценувањето на системите и применетата практика за безбедност и заштита при работа во компаниите, што го изврши специјална комисија составена од стручни лица од оваа област и лекари по медицина на трудот.

За своите континуирани напори и инвестиции во креирањето здрава и безбедна средина за вработените, на САСА ѝ беше врачена награда на настанот со кој се одбележа Европската недела за безбедност и здравје при работа.

„Безбедноста била и ќе остане примарен и највисок приоритет за САСА. Сакаме да осигуриме безбедно и здраво работно опкружување за сите наши вработени, изведувачи и посетители и затоа постојано и решително работиме на остварување на заедничката цел – нула повреди со загубено работно време во САСА. Охрабрени сме од нашите досегашни постигнувања во областа на безбедноста и условите за работа. Тие се резултат на ангажманот и залагањата на сите вработени, како и на континуираните вложувања на компанијата во примената на највисоките стандарди за безбедност во оваа индустрија. Очекуваме дека со реализација на капиталните инвестиции во технологија и нова опрема, како и во дигитализација на процесите, дополнително ќе ги унапредиме условите за работа и безбедноста на целиот рудник“, изјави генералниот директор на САСА, Кристофер Колбурн.

Во изминатите шест години од влезот на компанијата Централ Азија Металс во САСА се направени значајни вложувања во обезбедување добри услови за работа и набавена е нова заштитна опрема за сите вработени. Воведени се и современи процедури за безбедност и превенција од повреди при работа, како и дополнителни обуки кои редовно се спроведуваат од тимот задолжен за безбедноста и од надворешни експерти, со цел да се осигура дека секој вработен во САСА е подготвен да се грижи за сопствената и безбедноста на своите колеги. Заради подобрување на способноста за одговор при итни случаи во рудникот, изградени се и специјални комори за спасување кои се опремени со најсовремена опрема, а формиран е и посебен тим за безбедност и спасување чии членови континуирано се обучуваат за најновите безбедносни техники.

Клучни зборови

  • безбедност и здравје
  • Кристофер Колбурн
  • националната награда
  • Саса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk