Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Самит Македонија2025: Македонија треба да стане повидлива за светскиот капитал

12 мај 2026 г.·3 мин читање·4721 прегледи

Следете не на Viber

Македонија мора брзо да се адаптира на новите глобални економски текови и да ја искористи актуелната геополитичка и енергетска криза како развојна шанса е пораката од вториот панел насловен „Зошто сега, зошто тука?“, што се одржа во рамките на Самитот на Македонија2025.

Дискусијата ја модерираше претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, кој истакна дека светот денес се менува побрзо од кога било, а токму лидерството, иновациите и способноста за брза адаптација стануваат клучни за економскиот успех.

Во фокусот на панелот беше прашањето како Македонија да стане попривлечна за странски инвестиции во услови на глобална нестабилност, прекинати синџири на снабдување и нови геополитички ризици.

Сали Јуанјуан Чин, партнер во „БејкерХостетлер“, посочи дека инвеститорите денес пред сè бараат стабилност, владеење на правото и долгорочна предвидливост.

„Инвеститорите сакаат да ги исклучат ризиците што е можно повеќе. Секоја инвестиција има животен циклус од три до пет години, што значи дека компанијата мора да преживее неколку влади, да опстане и да заработи. Затоа, најважни се стабилноста и предвидливоста, додека субвенциите треба да бидат само ‘цреша на шлагот’“, истакна таа.

Според Чин, Македонија сè уште нема доволна меѓународна видливост кај инвеститорите, а промените почнуваат кога земјата ќе биде препознаена и разбрана од глобалниот капитал.

На панелот беше посочено и дека економската криза во Германија отвора нова можност за Македонија. Том Клајн, консултант за бизнис-трансформација и извршен коуч, нагласи дека германските компании бараат нови начини за преживување и поефикасно работење.

„Германија и натаму е трета најсилна економија во светот, но поминува низ најтешката економска криза по Втората светска војна. Се затвораат погони и се отпуштаат луѓе. Германските мали и средни компании бараат флексибилност, брзина и доверба, а тука Македонија има шанса“, рече Клајн.

Според Ентони Т. О’Саливан, директор за политики и стратегија во „Вајтшилд“, Македонија мора јасно да дефинира каков тип инвеститори сака да привлече и во кои сектори има реална конкурентска предност.

Тој оцени дека автомобилската индустрија е силна основа, но недоволно искористена, и дека земјата треба да се насочи кон ТИРЗ-зоните, обновливите извори на енергија, аеронаутиката и фармацијата.

„Светските компании се стремат кон зелено производство. Европа има огромна потреба од обновливи извори на енергија, а Македонија има потенцијал за ветерна и сончева енергија. Тоа може да стане основа за нови производствени капацитети“, истакна О’Саливан.

Тој предупреди дека моментот за делување е токму сега, во време на енергетска криза, царински бариери и нарушени синџири на снабдување.

„Не за 12 месеци, туку веднаш. Владата треба да назначи финансиски ‘цар’ кој ќе ја координира регулативата и ќе биде јасна контакт-точка за инвеститорите. Паралелно треба да се градат локални капацитети и да се воспостави акцелератор за политики со рок од 100 дена за брзи законски измени“, порача О’Саливан.

Главната порака од панелот беше дека Македонија има реална шанса за успех од глобалните економски поместувања, но само доколку понуди брзи институции, предвидливи правила и јасна стратегија за секторите во кои може да биде конкурентна.

М.А.

 

Клучни зборови

  • панел дискусија
  • Самит Македонија 2025
  • странски инвеститори
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk