Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Стопанска комора: Сакаме нов закон за работни односи во кој работодавачите и работниците ќе бидат партнери

14 фев. 2023 г.·3 мин читање·777 прегледи

Следете не на Viber

Стопанската комора на Северна Македонија достави мислење до Владата и до Министерството за труд и социјална политика за работната верзија на законот за работни одноди со коментари и конкретни предлози напишани на 47 страници. Нацртот на Предлог-законот се наоча на јавна расправа, која треба да трае до утре (15-ти февруари), но ако има потреба, од Министерството за труд најавија и продолжување на рокот.

– Ние многу јавно и транспарентно ќе говориме за новиот закон за работни односи во периодот што претстои. Важечкиот Закон за работни односи во изминатите години често се менуваше. Беше донесен на 28 јули 2005 година, кога министер за труд беше Стевчо Јакимовски, и од тогаш до денес е менуван дури 26 пати. Има уште 13 одлуки на Уставен суд со кои се укинати некои членови од Законот. Така што создадени се сите услови за ново законско решение – велат од Стопанската комора.

Оттамупотенцираат дека целта на работодавачите е да ги задржат и дообучат своите квалитетни работници, како и да придонесат за подобрување на нивниот личен живот.

– Неопходен ни е закон кој односите меѓу работниците и работодавачите нема да ги гледа низ призмата на спротивставени страни, туку на партнери кои заеднички делуваат кон остварување на своите интереси Интересите на работодавачите се зголемување на продуктивност на работниците, поголема конкурентност и профитабилност на компаниите. Интересите на работниците се соодветно валоризирање на сработеното и остварување повисоки примања. Во тој контекст, новиот закон за работни односи треба да биде прилагоден на модерните и идните текови на пазарот на труд и да придонесе за подобрување на генералните состојби во стопанството и во државата – велат од Стопанската комора.

Во име на работниците пак, свои забелешки, и тоа околоу 40, даде Сојузот на синдикатите. Како една од клучните забелешки што ги истакнуват тие се однесува на времетраењето за работа на определено време. Во зегашното законско решение, тој е рок е 5 години, во новото се предлага две, а работодавачаите бараат тоа да биде една година. Замерки има околу колективните договори кои  во иднина би требале да се склучуваат на период од две години.

Министерката за труд Јованка Тренчевска во повеќе наврати најави дека ова е закон за унапредување на работничките права и дека че се прифатат конструктивните забелешки.

Клучни зборови

  • закон за работни односи
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk