Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сајбер-криминалците го користат ЕУРО 2024 – се крадат и податоци и пари

25 јун. 2024 г.·2 мин читање·1437 прегледи

Следете не на Viber

Продажба на лажни билети, евтини лажни стримови на натпревари и крипто монети се некои од најчестите измами поврзани со Европското фудбалско првенство во Германија. Додека милиони гледачи се фокусираат на најважната споредна работа, сајбер-криминалците ја користат можноста што ја дава овој настан, предупредуваат експертите од глобалната компанија за сајбер безбедност „Kaspersky“, кои откриле бројни измами преку кои се украдени и кориснички податоци и пари. А, речиси сите измами во овој период се направени преку понуда во знакот на првенството.

Во тие рамки, пренесуваат медиумите, експертите откриле лажна страница која наликува на онаа од германската енергетска компанија, која наводно организира наградна игра во која се доделуваат билети за ЕУРО 2024. Откако ќе пристапат, од корисниците се бара да го внесат своето име, телефонски број и адреса. Таргетот на оваа лажна кампања е тесен, односно цели кон вработените и партнерите на компанијата-жртва. Значи, измамниците ја користат секоја можност да се инфилтрираат во инфраструктурата на компанијата, што е и нивна цел.

Исто така, измамниците ја капитализираат популарноста на ЕУРО 2024 со продажба на специјални монети со слики на популарни играчи, ветувајќи импресивни профити. На пример, експертите откриле шема која вклучува монети именувани по капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн. Таквите  монети во добар дел измамниците ги промовираат преку електронската пошта и социјалните мрежи X, Фејсбук и Телеграм.

Нетрпеливите трговци, се лепат на дадената можноста и ги купуваат монетите, на тој начин зголемувајќи ја нивната цена. Кога цената е доволно напумпана, измамниците ги продаваат своите монети, предизвикувајќи во само неколку минути драстичен пад на нивната вредност.

Гледачите кои натпреварите ги следат на Интернет, исто така треба да внимаваат, бидејќи се откриени и лажни платформи за стриминг кои нудат ексклузивни преноси по ниски цени.

Откриени се и лажни онлајн продавници кои на фановите им продаваат дресови, шалови, капи и се останато со попуст од 40 проценти.

Секако, тие што наседнале воопшто не ги добиле нарачаните предмети.

Клучни зборови

  • ЕУРО 2024
  • Касперски
  • сајбер криминал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk