Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„САД повторно ќе ги прегрни своите глобални сојузници“: Победата на Бајден е добра вест за Берлин

27 ное. 2020 г.·2 мин читање·3446 прегледи

Следете не на Viber

Сигналот на новоизбраниот претседател на САД,  Џо Бајден, за промената на целите на американската надворешна политика е добредојдена вест во Берлин, каде германските власти мака мачеа со царините во последните четири години.

Бајден рече дека ќе се оддалечи од стратегијата на претседателот во заминување, Доналд Трамп, под слоганот „Прво Америка“ и дека САД ќе се сврти повеќе кон светот од следната година. Тој додава дека Америка сака повторно да ги „прегрне своите глобални сојузници“.

„Америка се врати, ние сме повторно на чело “, изјави Бајден.

Тој вели дека разговарал со повеќе од 20 светски лидери и дека тие се „задоволни што Америка ќе ја потврди својата улога во светот и ќе биде градежник на коалиција“.

Според „Си-Ен-Би-Си“, на Европа и олесни поради победата на Бајден на изборите, бидејќи живееше четири неизвесни години со администрацијата на Трамп и царински давачки за увоз на европски автомобили.

Токму со овие зборови овој медиум ја опишува сериозноста на ситуацијата. Овој потег ќе и зададе удар на автомобилската индустрија во ЕУ, а особено ќе се најде на удар Германија. Во прилог на тоа, канцеларката, Ангела Меркел, „топло“ ја поздрави победата на Бајден на изборите оваа година.

Таа рече дека нејзината земја треба да преземе поголема одговорност во рамките на трансатлантското партнерство. Дополнително додаде дека Соединетите држави се и остануваат најблискиот сојузник на Германија, но дека тоа автоматски значи дека очекувањата на двете земји се поголеми.

Германскиот парламент позитивно е насочен кон победата на Бајден, што официјалните лица ја сметаат за можност за „ресетирање на односите меѓу Германија и Соединетите држави“.

Победата на Бајден ја врати надежта за трговски договор меѓу САД и ЕУ, откако претходниот обид за да се постигне овој договор заврши неславно во 2016 година, три години по преговорите.

Урсула фон дер Лајан предупредува дека е неопходен нов пристап кон трговијата и дека Унијата треба да преземе иницијатива таму. Сепак, таа е свесна дека часовникот не може да се врати назад.

Клучни зборови

  • пандемија
  • Претседател
  • САД
  • џо бајден
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk