Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Руската вакцина против рак излегува од лабораторија – првиот пациент е од Србија

7 фев. 2026 г.·2 мин читање·4214 прегледи

Следете не на Viber

Историјата на онколошката медицина наскоро може да добие нова страница – првиот пациент во светот што ќе се лекува со руската персонализирана вакцина против рак е пациентка од Србија. Станува збор за Јована Алексиќ, која боледува од меланом со метастази, една од најагресивните форми на рак на кожа.

Информацијата ја соопшти д-р Сергеј Бољевич, шеф на Катедрата за патологија на Сеченовскиот универзитет во Москва, кој за агенцијата „Спутник“ изјави дека терапијата ќе започне во рок од еден до два месеца. Според него, не станува збор за клиничко испитување, туку за реален терапевтски третман.

Подготовката на вакцината ќе започне веќе од понеделник на Институтот „Гамалеја“, а секоја доза ќе биде изработена исклучиво за конкретниот пациент. Одлуката првиот третман да се спроведе кај пациентка од Србија, како што посочи Бољевич, е донесена поради добрите билатерални односи меѓу Русија и Србија.

Иако паралелно се работи со уште десетина пациенти, српската пациентка ќе биде првата што ќе започне ваков тип лекување. Засега, руските здравствени власти дозволиле примена на вакцината само кај меланом и рак на белите дробови, додека за други видови карциноми, меѓу кои и ракот на дојка, одобрението сè уште се очекува.

Вакцината е развиена со помош на вештачка интелигенција, која ги анализира карактеристиките на туморските клетки и создава терапија што му помага на имунолошкиот систем прецизно да ги препознае и уништи канцерогените клетки, без оштетување на здравото ткиво.

Според Бољевич, досегашните резултати покажуваат ефикасност од околу 95 проценти. Тој додава дека пациент кој успешно ќе се излечи од меланом со оваа вакцина, нема повторно да развие ист облик на рак.

Терапијата се состои од 10 дози, кои се примаат на секои две недели, а првите индикации за повлекување на туморот може да се забележат уште по втората или третата апликација.

Во првата фаза, вакцината ќе се применува кај пациенти кои веќе ги исцрпеле сите други терапевтски можности, со цел нејзината ефикасност да се потврди и во најтешките случаи. Првичните резултати од истражувањата ќе бидат презентирани на меѓународна конференција во Сочи, на почетокот на април.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • вакцина
  • канцер
  • пациент
  • русија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk