Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

РУСИЈА ПОЧНА ДА КУПУВА ЗЛАТО И ДЕВИЗИ за да ги надомести ослабнатите резерви

8 авг. 2023 г.·3 мин читање·1935 прегледи

Следете не на Viber

Русија ќе почне да купува девизи и злато бидејќи закрепнувањето на енергетските приходи ги доведе над целта поставена во буџетот, пишува Блумберг. Министерството за финансии на Руската Федерација минатата недела соопшти дека ќе купи 40,5 милијарди рубљи (433 милиони долари) за време на периодот од 7 август до 6 септември, под буџетски механизам дизајниран да ја изолира економијата од нестабилноста на пазарите на стоки.

Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Според податоците на националните централни банки, Русија ѝ го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Русија, Турција, Индија и Кина претставуваат речиси 60% од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година.

Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви – на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари.

Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви.

Откако купувањата беа стопирани кон крајот на јануари 2022 година, проследено со суспензија на програмата по инвазијата на Украина следниот месец, руското министерство за финансии лани само продаваше девизи, како дел од фискален механизам за обнова.

Со оглед на тоа што најголемиот дел од своите девизни резерви се замрзнати поради американските и европските санкции, јуанот е главното средство што Русија сè уште може да го користи за такви операции. Русија добива околу една третина од буџетските приходи од индустријата за нафта и гас.

Министерството за финансии оваа година продаваше злато и девизи. Навистина, набавките беа прекинати во јануари 2022 година. Откако земјата ја нападна Украина, најголемиот дел од нејзините резерви беа замрзнати поради американските и европските санкции. Русија сè уште може да купува јуани.

Најголемиот купувач на злато од 2017 до 2022 година е убедливо централната банка на Русија (иако податоците за Русија се всушност само до крајот на 2021 година. Санкциите што САД ги воведоа кон Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина ефективно го направија Стотици милијарди американски долари што руската централна банка ги држи безвредни. Русија неодамна соопшти дека дополнително ги зголемила своите акции во шипки во 2022 година.

Клучни зборови

  • девизни резерви
  • злато
  • јуан
  • нафта
  • русија
  • санкции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk