Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Русија планира прогресивно оданочување на приходите и плус 2,6 милијарди рубљи во буџетот

30 мај 2024 г.·3 мин читање·1689 прегледи

Следете не на Viber

Прогресивно оданочување на приходите на граѓаните, повисок данок на добивка и значително повисоки концесиски такси за вадење минерали неопходни за производството на вештачки ѓубрива и железна руда, предлага руското Министерство за финансии. Промените би се применувале од идната година, а пресметките покажале дека само со новите даночни стапки кај двата данока, државниот буџет би добил дополнителни над четири милијарди рубљи.

Измените предвидуваат данокот по стапка од 15 проценти да го плаќаат граѓаните со годишни приходи во опсег од 2,4 до пет милиони рубљи. Приходите, пак, од пет до 20 милиони рубљи би имале даночна стапка од 18, а оние од 20 до 50 милиони рубљи би се оданочувале со 20 отсто.

За граѓаните со приходи поголеми од 50 милиони рубљи даночната стапка би била 22 проценти, известува новинската агенција „Интерфакс“. Проценките на Министерството за финансии се дека идната година во буџетот би имало прилив од плус 2,6 милијарди рубљи. 

„Даночните промени ќе влијаат само на 3,2 отсто од работната сила, или на два милиони од 64 милиони вработени, со годишни приходи кои надминуваат 2,4 милиони рубљи“, изјавил министерот за финансии, Антон Силуанов.

Од 2001 година Русија има единствена стапка на данок на доход од 13 проценти. Но, од неа се изземени граѓаните со приходи поголеми од пет милиони рубљи, кои се оданочуваат со стапка од 15 проценти.

Според податоците од руската даночна служба, по основ на персоналниот данок на доход лани биле наплатени 6,38 милијарди рубљи, кои во вкупниот приход учествувале со 28,6 отсто.

Исто така, од Министерството е предложено и зголемување на стапката на данокот на добивка, од 20 на 25 проценти. Сепак, се наведува, можни би биле отстапки за одредени инвестиции, како што бараат компаниите.

Освен тоа, нагласуваат од Министерството, стапката може и дополнително да се зголемува, бидејќи уделот на профитабилните компании во руската економија е во постојан пораст.

Само зголемувањето на данокот на добивка идната година треба да придонесе за буџетот со дополнителни 1,6 милијарди рубљи и со 11,1 милијарда рубљи до 2030 година, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на Министерството за финансии.

Министерството предлага и укинување на извозните царини поврзани со курсот на рублата и доларот, како и зголемување на даноците за производителите на ѓубрива и железна руда. Или, производителите на железна руда и на фосилни ѓубрива би требало да плаќаат речиси двојно повеќе за концесиските такси, а производителите на поташа приближно трипати повеќе.

Клучни зборови

  • Данок на добивка
  • прогресивен данок на приход
  • русија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk