Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Русија ја повика Кина да се откаже од доларот во нивната меѓусебна трговија

26 мар. 2021 г.·2 мин читање·1542 прегледи

Следете не на Viber

Мора да се откажеме од употребата на меѓународни платни системи контролирани од Западот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој е во дводневна официјална посета на Кина. Лавров ги нарече санкциите на Западот против Кина и Русија „неразумни“, додавајќи дека одговорот на двете нации треба да биде соработка.

„Мора да ги намалиме ризиците од санкции со зајакнување на нашата технолошка независност, преминување кон плаќања во наши национални валути и глобални валути кои служат како алтернатива на (американскиот) долар“, рече шефот на руската дипломатија, пренесува South China Morning Post. Пред неговата посета, кинескиот „Глобал тајмс“ оцени дека посетата на Лавров е знак за тоа колку е блиска кинеско-руската координација за да се намали влијанието на „проблематичниот САД“.

Според рускиот министер, во светот треба да се формира широка коалиција на земји кои се против против унилатералните санкции на САД. „Животот нè принудува да ја градиме нашата линија во економскиот и социјалниот развој на таков начин што не зависиме од каприците на нашите западни партнери“, рече Лавров, пренесува Интерфакс.

Тој посочи дека не е во ред да се казнува во кое било време во современата меѓународна арена и обидот за воведување такви правила на Русија и Кина го нарече „едноставно неразумен“. „Кина е вистински стратешки партнер и вистински истомисленик за нас, и нашата соработка на меѓународно ниво игра стабилизирачка улога во глобалната и регионалната ситуација“, рече Лавров, пренесува Синхуа.

Во заедничкиот документ потпишан од Москва и Пекинг се вели дека човековите права се универзални, неделиви и меѓусебно поврзани. Исто така, се наведува дека меѓународното право е камен-темелник на развојот на човечкото општество. Рускиот министер за надворешни работи изјави дека целата инфраструктура на односите на Русија со Европската унија е уништена со еднострани активности на Брисел, па затоа Москва сега нема никакви односи со таа организација.

Клучни зборови

  • валута
  • вредност
  • долар
  • русија
  • Цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk