Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Русија и Украина заедно во светскиот извоз на пченица учествуваат со 29%, цените на највисоко ниво по 2012

24 фев. 2022 г.·3 мин читање·5717 прегледи

Следете не на Viber

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе светските берзи. Покрај цената на нафтата, која нагло порасна во четвртокот наутро, како директна последица од нападот на руската војска врз Украина, се поставува прашањето што ќе биде со цените на пченицата и пченката и дали ќе има глобални нарушувања на пазарот.

Сето ова имајќи предвид дека само кога е во прашање пченицата, Русија и Украина заедно учествуваат со 29% во светскиот извоз.

„Русија и Украина се меѓу најголемите извозници во светот, а регионот на Црното Море стана еден од центрите за трговија со земјоделски производи во последните десет или повеќе години, особено пченица, пченка, соја, сончоглед и други житарки и маслодајни семиња, така што тие имаат исклучително големо влијание. Порано првенствено гледаше на берзата во Чикаго, а сега е на пазарот на Црното Море. Ние гравитираме кон тој пазар и настани во Украина и Русија и кога има некои редовни пазарни околности, како пад или раст на производството, тие се многу влијателни на целиот светски пазар, особено сега во вонредни околности“, вели за Бизнис.рс Милош Јањиќ директор на берзата во Нови Сад и додава дека тоа е видливо од утрово.

Според него, многу е тешко да се даваат долгорочни прогнози и проценки. Русија и Украина се главни добавувачи на Африка и на Блискиот Исток. Русија извезува речиси низ целиот свет, а какви било промени, дури и во шпекулациите дали ќе има извоз или не, предизвикуваат шокови на самиот пазар.

Што се однесува за српскиот пазар од кој со пченица се снабдува и Македонија тој вели дека имаат доволно залиха.

„Ако ја земеме само како пример пченицата која лани беше произведена околу 3,3 милиони тони, а нашите потреби се 1,6-1,7 милиони тони, тоа значи дека за извоз остануваат повеќе од 1,8 милиони тони и покрај нашите потреби. Со оглед на тоа што Србија извезува околу 670.000 тони, преку тоа веќе имаме над милион тони достапни количини“, оценува Јањиќ.

Русите се најголеми извозници на пченица во Европа, но тие се и големи производители, Украина се смета и за житница на Европа. Со воведувањето санкции во 2014 година од сите западни земји, Русите вложија огромни пари во своето земјоделство и денес немаат проблем со храната, барем основните видови.

Тој додава дека ова е друга приказна во споредба со 1990-тите кога поранешниот Советски Сојуз само од Америка увезуваше повеќе од 70 милиони тони. Сега Русите станаа најголеми производители на пченица во овој дел од Европа.

Инаку, цената за бушел пченица денеска се зголеми за повеќе од 5 отсто, на нешто помалку од 935 американски центи – највисоко ниво од 2012 година.

Клучни зборови

  • пченица
  • русија
  • Украина
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk