Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

РУСИЈА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ, го тужи Еуроклеар за замрзнати 18,2 трилиони рубљи

15 дек. 2025 г.·2 мин читање·1085 прегледи

Следете не на Viber

Руската централна банка поднесе тужба барајќи 18,2 трилиони рубљи, или 194,8 милијарди евра, како отштета од белгискиот централен депозитар за хартии од вредност Еуроклеар, објави денес московскиот суд. „На 12 декември 2025 година, Московскиот арбитражен суд ја прими тужбата на Централната банка на Руската Федерација против Euroclear Bank SA/NV. Износот на тужбата е 18.172.971.903.836 рубли, објави прес-службата на судот, пренесува ТАС.

Износот од 18.172.971.903.836 рубли одговара на износ од 194,8 милијарди евра.

Euroclear ги држи поголемиот дел од средствата замрзнати од Европската Унија откако Русија започна воена акција во Украина, според Ројтерс, додавајќи дека тужбата е одговор на плановите на ЕУ да ги користи замрзнатите средства за финансиска помош на Украина.

Агенцијата проценува дека се очекува московскиот суд да донесе брза пресуда во корист на централната банка, која потоа може да продолжи со нејзино извршување во други јурисдикции.

На 12 декември, владата на ЕУ се согласи да ги замрзне средствата на руската централна банка што се чуваат во Европа на неодредено време, отстранувајќи ја големата пречка за користење на готовина за помош на Украина да се одбрани од Русија.

Централната банка на Русија соопшти истиот ден дека плановите на ЕУ да ги користи нејзините средства биле нелегални и дека го задржува правото да ги користи сите расположливи средства за заштита на своите интереси, пренесува Танјуг.

(Фото: Ludvig14 – Own work, CC BY-SA 4.0)

Клучни зборови

  • Европска комисија
  • замрзнати средства
  • заплена
  • тужба
  • Украина
  • финансиска помош
  • Централна банка на Русија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk