Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“

28 апр. 2025 г.·3 мин читање·1571 прегледи

Следете не на Viber

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство” продолжува со своите активности во Гевгелија. Утре, 29 април, со почеток од 18 часот во Народниот театар во градот, ќе се одржи работилница за родители кои ќе разговараат за проблемот со булингот. Освен граѓани од Гевгелија, на оваа едукативна средба можност за учество ќе имаат и заинтересираните од Валандово, Дојран и од Ново Село. Психологот Деспина Стојановска ќе зборува за врсничкото насилство од стручен аспект, додека настанот ќе го модерира актерот Сашко Коцев.
Во оваа фаза од општествено одговорната кампања, „Макпетрол” досега организираше 13 работилници наменети за родители. За булингот беше разговарано на средбите во општините Илинден, Бутел и Чучер-Сандево, потоа во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Покрај тоа, работилници се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.
Главна цел на овие настани е да овозможат едукација за проблемот со булингот, додека родителите имаат прилика да разговараат со психологот, но и да ги споделат своите искуства по ова прашање. Учесници на овие работилници се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои најдиректно работат со учениците во случаи на врсничко насилство. Организирајќи ги овие средби, „Макпетрол“ креира платформа за јавна комуникација меѓу најзасегнатите страни, а со цел да се подобри ситуацијата со врсничкото насилство.
Во првата фаза од општествено одговорната кампања „Макпетрол” организираше работилници во повеќе од 150 основни училишта на кои учениците имаа можност од психологот да слушнат како да се справат со булингот, но и да споделат свои гледишта и искуства по ова прашање. Овие едукативни средби се одржаа во основните училишта од 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка и кои директно се вклучија со поддршка на кампањата.
Интернет-страницата kreniglas.mk е централна платформа на кампањата на „Макпетрол“. Вебсајтот содржи едукативни материјали кои помагаат во препознавање и постапување во случаи на физичко, вербално, психичко, социјално и сајбер-насилство, кои се најчести форми на булинг. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство”, компанијата придонесува да се подобри ситуацијата со булингот во земјава. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и во иднина ќе бидат посветен на младите.

Клучни зборови

  • Крени глас против врсничко насилство
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk