Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ станува реална опција за македонските граѓани

26 фев. 2026 г.·3 мин читање·3548 прегледи

Следете не на Viber

Дигиталните граници меѓу Македонија и Европската Унија би можеле наскоро да станат минато. Додека во Брисел се отвора процесот за проширување на европската роаминг-зона кон Западен Балкан, во Скопје веќе се финализира законската рамка што треба да ја внесе земјата во режимот „Роаминг како дома“.

Европска комисија вчера соопшти дека ќе побара одобрение од Совет на Европската Унија за започнување билатерални преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Целта е овие земји постепено да станат дел од европскиот систем што им овозможува на граѓаните да користат мобилен интернет, да остваруваат повици и да испраќаат пораки без дополнителни трошоци кога патуваат во рамките на Унијата.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оценува дека процесот не е само формална најава, туку веќе има конкретна динамика. Според него, информацијата од Комисијата е доказ дека иницијативата е активна и дека Македонија е директно вклучена во нејзината реализација.

„Владата веќе го финализирала текстот на законските измени со кои се врши целосно усогласување со европските правила, а според најавите, земјава има амбиција да биде меѓу првите од регионот што ќе ги исполни сите услови за приклучување кон режимот „Роаминг како дома“, истакна Андоновски.

Тој појасни дека до средината на март ќе бидат комплетирани измените на Законот за електронски комуникации и соодветните подзаконски акти, по што документите ќе бидат доставени до институциите на Европската Унија за формална проверка и потврда дека регулативата е целосно усогласена со европските стандарди.

Иако не сака да прогнозира точен датум кога македонските граѓани ќе можат да користат мобилни услуги во ЕУ по домашни тарифи, министерот посочува дека процесот зависи и од склучување посебни договори со телекомуникациските оператори во Унијата, што бара дополнително време и координација.

Во моментов, разликите меѓу системите се очигледни. Во ЕУ дополнителните трошоци за роаминг се укинати, додека во рамките на Западен Балкан постои горна граница од 18 евра по гигабајт. Дел од операторите доброволно ги намалија цените за патниците меѓу двете области, но тие договори се ограничени и необврзувачки.

Доколку преговорите завршат успешно и законските измени добијат зелено светло од Брисел, тоа би значело дека граѓаните и компаниите од Македонија ќе можат да користат мобилни услуги низ Европската Унија без дополнителни трошоци – исто како дома. За многумина, тоа нема да биде само олеснување на месечната сметка, туку и уште еден конкретен чекор кон подлабока европска интеграција, овојпат мерена во мегабајти наместо во политички декларации.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • ЕУ
  • Западен Балкан
  • роаминг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk