Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РКЕ: Од 30 увозот на струја „стопен“ на 2,75 проценти – енергетска независност во најава

1 мај 2024 г.·2 мин читање·2342 прегледи

Следете не на Viber

Македонија е на прагот од енергетската независност од гледна точка на електричната енергија. Тврдењето е засновано на податокот дека минатата година потребите од струја се задоволени од домашното производство, а увозот има удел од само 2,75 проценти. Овие бројки се застапени во Годишниот извештај за 2023, што Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад го достави до Собранието, информираат регулаторите.

„По 32 години независна Република, конечно можеме да соопштиме дека сме на праг до енергетски независна држава кога е во прашање електричната енергија. Податоците покажуваат дека Eldorado-то на инвестиции во фотонапонски централи, каде има пораст во инсталираниот капацитет за 251 процент во споредба со 2022 година, го стопи увозот од 30 проценти на 2,75 проценти. Овој успех има сеопфатно влијание, како кон енергетска транзиција, така и кон финансиските текови преку намалувањето на дефицитот“, истакнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Регистриран е раст на извоз на нафтените деривати, се наведува во соопштението од РКЕ, при што кај бензините имало забележителен раст на извезените количества за 139,53 проценти во однос на 2022 година, кај млазното гориво извозот е зголемен за 38,41 проценти и кај дизел горивата извозот има раст од 2,31 проценти, што е потврда дека „во земјава има горива со најниска цена“.

Останува високо нивото на неприходуваната вода од 62,29 проценти, поради што РКЕ инсистира да и се даде во целост надлежноста за регулирање на крајната цена на водата, се вели во соопштението од Регулаторната комисија.

 

Клучни зборови

  • енергетска независност
  • Регулаторна комисија за енергетика
  • РКЕ
  • увоз на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk