Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

РИЗИКО кредитно животно осигурување на ТТК Банка во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје

7 сеп. 2020 г.·4 мин читање·536 прегледи

Следете не на Viber

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки во првиот период од отплатата од 4,85% во првите 2 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит; 3,45% во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит односно 4,70% во првите 3 години за хипотекарен кредит.

Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи како што се фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот.

Полисата за РИЗИКО животно осигурување е дел од кредитната пакет понуда на ТТК Банка АД Скопје односно корисниците можат да аплицираат за кредитните производи со ризико животно осигурување и тоа:

  • Ненаменски потрошувачки кредит со вклучено РИЗИКО животно осигурување со фиксна каматна стапка;
  • Станбен кредит со вклучено РИЗИКО животно осигурување;
  • Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот (хипотекарен кредит) со вклучено РИЗИКО животно осигурување.

Полисата за РИЗИКО животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан, смрт како последица од болест или несреќен случаj, во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Корисникот ја плаќа полисата за РИЗИКО животното осигурување еднократно од самиот кредит со што се остварува и дополнителен попуст на премијата на РИЗИКО животното осигурување.

Осигурувањето на живот може да се склучи за случај на смрт, со или без лекарски преглед.

Со осигурувањето на живот можат да се осигураaт здрави лица и тоа од наполнети 18 до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурениците кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години.

Посетете ја најблиската експозитура или филијала на ТТК Банка АД Скопје или јавете се на телефоните на деловната мрежа достапни на интернет-страницата на Банката и информирајте се за износот на премијата за полиса за РИЗИКО животното осигурување,  којашто зависи од возраста и здравствената состојба на осигуреникот (се одредува во согласност со одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување), износот на кредитот и рокот на отплата на кредитот.

„Триглав Осигурување Живот“ АД, Скопје е дел од Групацијата „Триглав“, една од водечките осигурително – финансиски институции во Југоисточна Европа.  Препознатлива е кај своите клиенти по својата стабилност, знаење, висок квалитет на производи и услуги и доверливост. Групацијата „Триглав“ се залага за градење сигурна иднина, а нејзините вредности, како агилност, доверливост и едноставност служат само како потврда на внимателно одбраните принципи на работа.

Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.

Клучни зборови

  • полиса
  • ризико животно осигурување
  • СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит
  • Супер станбен кредит
  • Триглав Осигурување Живот
  • ТТК банка АД Скопје
  • фиксни каматни стапки
  • Хипотекарен кредит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk