Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

6 ризици кои постојат во бизнисот

12 мај 2020 г.·3 мин читање·1258 прегледи

Следете не на Viber

Компаниите се соочуваат се повеќе видови на ризици. Менаџирањето на самите ризици и нивно избегнување во секоја прилика кога тоа е изводливо, е од особено значење за иднината на бизнисот. Големите бизниси имаат посебни департмани кои се главни фокусирани на избегнување на бизнисите и избегнување на евентуален банкрот.

Тие можат да ги постават работите систематски, и да имаат принципи по кои ќе се водат. Малите бизниси пак, неможат да си дозволат да имаат таков системски пристап. По природа, малите фирми се посклони на ризик бидејки немаат развиено финансиска поткрепа. Главните видови на ризици се:

1. Стратешки ризик

За успешен бизнис потребно е да се има сеопфатен, добро осмислен бизнис план. Но, во текот на бизнис животот, работите се менуваат, а понекогаш вашите најдобри планови набрзо може да се покажат како непрактични. Тоа е ризик кога стратегијата на вашата компанија станува помалку ефикасна и вашата компанија се бори да ги постигне своите цели како резултат. Тоа може да се должи на технолошките промени, новиот моќен конкурент што влегува на пазарот, менување на побарувачката на купувачи, зголемување на трошоците за суровини или било кои други големи промени.

2. Ризик на усогласеност

Законите постојано се менуваат, и секогаш постои ризик дека ќе се соочите со дополнителни прописи во иднина. И додека вашиот сопствен бизнис се проширува, можеби ќе треба да се придржувате кон новите правила што претходно не се однесуваа на вас. Европските земји имаат свои правила за безбедност на храната, правила за етикетирање и многу повеќе. И ако поставите европска подружница за справување со сето тоа, ќе треба да се придржувате кон локалните сметководствени и даночни правила. Со исполнувањето на сите дополнителни регулативни барања би можело да завршите со значителен трошок за вашиот бизнис.

3. Оперативен ризик

Вашата компанија е исто така извор на ризик. Оперативниот ризик се однесува на неочекуван неуспех во секојдневното работење на вашата компанија. Тоа би можело да биде технички неуспех, како прекин на серверот, или може да биде предизвикан од вашите вработени или операции.

4. Финансиски ризик

Повеќето категории се под влијание на финансиски ризик, во однос на дополнителни трошоци или губење на приходи. Но, категоријата на финансиски ризик се однесува конкретно на парите кои се прилив и одлив надвор од вашиот бизнис, како и можноста за моментална финансиска загуба. На пример, да речеме дека голем дел од вашиот приход доаѓа од еден важен клиент, а вие му давате 60 дена кредит. Во тој случај, имате значителен финансиски ризик.

5. Репутациски ризик

Постојат многу различни видови на бизнис, но сите тие имаат едно нешто заедничко: без разлика во која индустрија сте, вашиот углед е сè што имате. Ако вашиот углед е нарушен, ќе имате моментална загуба на приходи, бидејќи клиентите стануваат претпазливи да соработуваат со вас. Но, постојат и други влијанија. Вашите вработени може да се деморализираат па дури и да одлучат да заминат. Можеби ви е тешко да најдете добра замена, бидејќи потенцијалните кандидати слушнале за вашиот лош углед и не сакаат да се придружат на вашата фирма. Добавувачите може да почнат да ви нудат понеповолни услови. Рекламни, спонзорни или други партнери можат да одлучат дека повеќе не сакаат да бидат поврзани со вас.

Клучни зборови

  • бизнис планирање
  • менаџирање
  • менаџмент
  • планирање
  • ризици
  • сметководство
  • финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk