Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

3 јун. 2024 г.·4 мин читање·416 прегледи

Следете не на Viber

Над 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка – АД Скопје го организира по осми пат. Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.

Почетокот на ревијалната трка беше кај Порта Македонија, каде што неколку илјади насмеани лица нестрпливо чекаа да биде означен стартот и да возат по улиците кои само за нив беа ослободени од возила. Возејќи симболично низ центарот на градот, со маичките обезбедени од организаторот, учесниците во долга колона, го постигнаа ефектот на видливост и стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава организирана во нивна чест. Таму прво се освежија со „Горска“, сладоледи „Фриком“ и грицки од „Витаминка“, па ѝ се препуштија на неколкучасовната забава што ја водеа шармантните водители Марко Марк, Дени Џидрова и Александар Матовски – Цако. Следеше богата музичка програма со ОХО и омилените јунаци од „Пет+ фамилија“ и диџеј Иван, како и повеќе спортски и забавни содржини организирани од Крафт продукција. Посетителите уживаа и во уметничко катче на графити уметникот Dreadpen кој во соработка со посетителите изработуваше креативно платно кое Банката ќе го постави во своите работни простории.

Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници на “Вози право, вози здраво“ доби ваучер од 12.000 денари што го обезбеди пријателот на настанот Град Скопје, а забавата кулминираше со извлекувањето на лотаријата со 80 вредни подароци по повод јубилејната година на Банката. Извлечени беа добитници на Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај овие подароци, Стопанска банка додели уште над 200 утешни подароци како подароци: шишиња за вода, торби за велосипеди и маички.

Традиционално, Стопанска банка ќе го заокружи и ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз. Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје. Активностите на Банката поврзани со поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики не се поврзани само со настанот „Вози право, вози здраво“, туку траат преку целата година со системски планирани активности со кои се унапредуваат условите за велосипедистите во урбаните средини.

Клучни зборови

  • вози здраво
  • Вози право
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk