Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083. Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира ,,Пари”. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал. Кулминација се случила со 2020 година како пандемиска, кога се регистрирани дури 25.755 умрени, а истата година се родиле 19.031 деца, со што е остварен негативен природен прираст, односно бројот на умрените е поголем од бројот на родените за 6.724! Но, дури и да ја изземеме оваа пандемиска година, се соочуваме со лош демографски тренд. Имено, негативниот природен прираст за првпат е забележан во 2019 година кога се родиле 19.845 деца, а починале 20.446 македонски жители, односно природ…