Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„ReThink: Учиме од Шведска“ – Иновации за поинаков пристап во борбата против чадот од тутун

22 ное. 2024 г.·4 мин читање·1674 прегледи

Следете не на Viber

Шведска наскоро би можела да стане првото општество без чад во светот, благодарение на оралната никотинска кесичка која на пушачите им нуди алтернатива без чад.

„Шведска беше една од првите земји во светот што зазеде поинаков пристап во борбата против чадот од тутун – и се покажа дека тој пристап беше вистински, бидејќи земјата е на пат да стане првата непушачка земја во Европа“, истакна Патрик Хилдингсон, потпретседател за комуникации и корпоративни работи на Swedish Match, најголемиот светски производител на орални никотински производи, на конференцијата „ReThink: Learning from Sweden“ организирана од „Филип Морис“ во Белград.

„Во 70-тите години во Шведска почнавме да се враќаме на нашата традиција – оралните никотински производи како снус, а подоцна и никотинските кесички. Ова ни помогна да ја намалиме стапката на пушење на околу 5%, што е најниска стапка во Европа. Што е уште поважно, имаме далеку најниска стапка на инциденца на болести поврзани со пушењето, вклучително и орален карцином и рак на белите дробови“, посочи Хилдингсон, нагласувајќи ја важноста на алтернативните производи во борбата против пушењето.

Примерот на Шведска не само што е исклучок туку и инспирација за другите земји кои се соочуваат со предизвици во борбата против пушењето. Токму ова беше главната порака на Томазо Ди Џовани, потпретседател за меѓународни комуникации на „Филип Морис Интернешнл“ (ФМИ).

„Со цел оваа практика да има силно позитивно влијание врз глобалното јавно здравје, потребни се иновативни политики, кои ги поттикнуваат пушачите кои не сакаат да се откажат од никотинот да се префрлат на подобри алтернативи на цигарите, а компаниите да инвестираат во понатамошен развој на овие производи“, рече Ди Џовани кој посочи дека индустријата е таму да иницира промени, но сите други заинтересирани актери треба тоа да го следат – регулаторите, здравствените и невладините организации, научната заедница.

Ди Џовани наведе и примери на земји како Јапонија, Нов Зеланд и Шведска, кои во период од осум години го преполовиле бројот на пушачи.

„На овие земји се покажа дека традиционалните мерки во борбата против чадот од тутун врз основа на забраните не се толку ефикасни, туку дека примената на принципот за намалување на штети, кој се заснова на прифаќање на научно докажано помалку штетни алтернативи, доведе до значително намалување на бројот на пушачи“, додаде тој.

На конференцијата се истакнаа и важноста од сертификација на производи со намален ризик од светски познати здравствени институции. Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го авторизираше во 2019 година, врз основа на бројни научни студии, а оваа година ја потврди авторизацијата на тврдењето дека со користење на водечкиот бренд снус произведен од Swedish Match наместо цигари, корисниците се изложуваат на понизок ризик од голем број на болести поврзани со пушењето. ФДА ја донесе оваа одлука врз основа на нејзиниот принцип дека информирањето на потрошувачите за достапноста на овој производ достапен на пазарот е во согласност со промоцијата на јавното здравје.

Со купувањето на Swedish Match, компанијата Филип Морис го прошири своето портфолио и на оваа категорија производи, фокусирајќи се првенствено на никотинските кесички, со цел да им понуди на возрасните пушачи замена за цигарите кои до пред 10 години беа главен производ.

Токму ова е начинот на кој компанијата ќе остане актуелна во ултра турбулентно време, изјави светски познатиот футуролог од Шведска, Магнус Линдквист, нагласувајќи дека иновативноста е факторот Х кој ја менува иднината и го отежнува предвидувањето.

„Ништо големо нема да се случи ако не се раздвижите и не ризикувате“. Откријте конкретни и интересни ситуации кои можете да ги промените. Барајте решенија за тековните проблеми, бидете релевантни, не совршени“, рече Линдквист.

Клучни зборови

  • филип морис
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk