Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Реплек: Растот на продажбите од 8 % и повисоката профитабилност – основа за успешен старт на годинава

9 јан. 2026 г.·3 мин читање·4141 прегледи

Следете не на Viber

Со вкупна продажба од 34 милиони евра Реплек ја заокружи 2025 година, за 8 насто подобар резултат од претходната 2024 година. Продажбите се реализирани преку избалансирана географска структура, при што извозните пазари учествуваат со околу 75, а домашниот пазар со 25 проценти од приходите.

На домашниот пазар компанијата оствари 8,6 милиони евра, додека извозот достигна 25,4 милиони евра, што ја потврдува извозната ориентација и стабилната побарувачка на странските пазари. Позитивниот тренд е надграден со подобрување на профитабилноста – се очекува консолидиран профит од околу 5 милиони евра, што е раст од 39 насто во однос на претходната година. Во исто време, нето профитната маргина е зголемена од 11,5 на 15 проценти, наведено е во Годишниот извештај за продажби што компанијата го сподели со инвеститорската јавност преку Македонска берза.

Воедно, се посочува дека 2025 година беше обележана и со значајни стратешки инвестиции. Компанијата успешно го имплементираше новиот ERP систем SAP S/4HANA, пушти во употреба нова високо технолошка линија за серијализација и пакување, а започна и инвестиција во нов производствен погон за течни и полуцврсти фармацевтски форми. Паралелно, Реплек лансираше девет нови производи и ги отвори првите претставништва во Србија и Босна и Херцеговина, каде веќе се реализирани првични продажби.

Остварените позитивни резултати во 2025 година се должат на стратешкиот пристап на компанијата, ефективноста во управувањето со трошоците, и променетиот пристап за освојување на нови пазари и зајакнување на портфолиото.

„Деловните резултати што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда дека Реплек е позиционирана како силна и стабилна фармацевтска компанија, со јасна визија за долгорочен раст и развој. Успешно завршената година е резултат на доследно спроведената стратегија на континуирани инвестиции во иновации, модернизација на производствените капацитети и храброто освојување на нови пазари, како и на продлабочувањето на партнерствата на постојните. Особено нѐ охрабрува фактот што успеавме да го зголемиме и одржуваме извозот, што е најсилен доказ дека нашите производи ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди и се високо конкуренти, што се должи на посветеноста и професионалноста на целиот тим на Реплек. Токму во освојувањето на нови пазари, на што посветено работиме, го гледаме најголемиот потенцијал за раст. Остануваме силно посветени на нови инвестиции во технологии, луѓе и знаење и продолжуваме да бидеме компанија што создава долгорочни вредности за заедницата и за националната економија“, генералниот директор, Душан Пецовски.

Во делот на односите со акционерите, Реплек АД ја задржа континуираната дивидендна политика, исплатувајќи 400 денари бруто дивиденда по акција, што е 33 проценти повеќе во однос на претходната година. Компанијата останува вклучена во индексот МБИ 10, а во 2025 година доби и награда за најтранспарентна компанија од Македонската берза.

Реплек е присутен на 25 пазари во светот, а според бизнис планот за следниот период, фармацевтското портфолио на компанијата ќе биде застапено на 40 пазари. Целта е да се освојат 15 нови пазари. Раководството оценува дека остварените резултати, инвестициите и регионалното проширување ја позиционираат компанијата во стабилна и подготвена состојба за 2026 година, со фокус на одржлив раст, зголемена ефикасност и долгорочна вредност за акционерите.

Клучни зборови

  • домашен пазар
  • зголемена продажба
  • Извоз
  • Реплек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk