Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Реномирани професори, уметници, бизнисмени, новинари на конференцијата „Чувари на мудроста“

30 мар. 2023 г.·2 мин читање·936 прегледи

Следете не на Viber

Утре во малата сала на Филхармонијата на РСМ, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи конференцијата „Чувари на мудроста“ на која што искусни и почитувани професионалци од државата ќе говорат пред младите за значењето на професионалната надградба, кариерниот развој, претприемништвото, комуникациите, значењето на културната едукација. Конференцијата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, започната минатата година, која ште посветена на повозрасната популација. Целта на кампањата не е само да им се даде повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија кои оставиле трајни белези зад себе, туку и да ги поттикне младите да обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните од кои може многу да се научи, бидејќи тие се чуварите на мудроста.

На конференцијата, која што е поделена во три панели, успешни професори, уметници, стопанственици и новинари ќе дискутираат и со присутните ќе ги споделат своите животни и професионални искуства на три теми – култура, економија и комуникации. На тема „До успех со среќа или работа“ ќе дискутираат професорите Никола Пановски, академик Таки Фити и Симон Наумоски, основач на „Витаминка АД Прилеп. Писателката Винка Саздова, актерот Благој Чоревски и професорот Костадин Танчев Динка ќе зборуваат на тема „Живот со или за уметноста“, додека новинарките Катерина Цаневска и Лилјана Грџо Дамовска ќе бидат учесници во третиот панел – „Од ѕвездите до калта“.

Бидејќи целта на настанот е токму на новите генерации да им се овозможи да ги чујат искуствата, но и да дискутираат со луѓето кои изградиле успешна кариера, на конференцијата бесплатно ќе можат да присуствуваат  студенти кои својот статус ќе го потврдат со студентска легитимација. Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да го пријават своето учество на следниот линк.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата www.cuvarinamudrosta.mk

Клучни зборови

  • Филхармонија
  • Халкбанк АД Скопје
  • ЧУВАРИ НА МУДРОСТА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk