Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РЕКОРДНО НИСКА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО СРБИЈА: Со стапка 8,2% во вториот квартал, до најдобри резултати во поновата историја

4 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1563 прегледи

Следете не на Viber

Стапката на невработеност во Србија во вториот квартал на 2024 падна на рекордни 8,2%, додека стапката на вработеност достигна највисоко ниво од 51,4%. Според податоците од Анкетата за работна сила, во вториот квартал од годинава бројот на вработени во Србија изнесува 2,89 милиони, бројот на невработени 257.800, додека стапката на невработеност е 8,2 отсто, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). денес.

Бројот на вработени во Србија во вториот квартал е поголем за 48.400 во однос на истиот период лани, бројот на невработени е помал за 44.800, а стапката на невработеност е намалена за 1,4 процентни поени.

Споредено со првиот квартал од 2024 година, бројот на вработени е зголемен за 28.000, а бројот на невработени е намален за 41.300.

Вкупната стапка на неформални вработувања изнесува 11,8 отсто, при што стапката на неформални вработувања во земјоделскиот сектор е 51,7 отсто и 5,9 отсто во неземјоделските сектори. “Денеска добивме одлична вест за стапката на невработеност која во вториот квартал годинава се спушти на 8,2 отсто, така што во првата половина од годинава изнесува вкупно 8,8 отсто. Стапката на вработеност во вториот квартал е 51,4 отсто. Ова е рекордно ниска стапка на невработеност, односно рекордно висока вработеност во Србија и неверојатно добра вест што ја потврдува исправноста на нашата економска политика“, објави на својот Инстаграм профил српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Бројот на вработени лица во вториот квартал од годинава изнесува 2.899.700. Во однос на истиот период од претходната година, бројот на вработени е зголемен за 48.400, а бројот на невработени е намален за 44.800. Споредено со првиот квартал од 2024 година, бројот на вработени е зголемен за 28.000.

Клучни зборови

  • вработување
  • економија
  • Невработеност
  • Србија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk