Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ НА СПЕКТАКЛОТ СО СЕВЕРИНА ВО МЕГА ШОПИНГ ПАРК

31 мај 2026 г.·4 мин читање·5061 прегледи

Следете не на Viber

Гевгелија, 31.05.2026 –  Третиот ден од свеченото отворање на МЕГА Шопинг Парк вчеравечер во Гевгелија донесе рекордна посетеност и незапаметен интерес во целиот регион. Повеќе од 25.000 граѓани од земјава и соседството го преплавија новиот трговски комплекс, потврдувајќи го неговиот статус на водечка регионална дестинација, а главна атракција на вечерта беше долгоочекуваниот концерт на поп-ѕвездата Северина.

Вечерната програма започна со одлична енергија и настап на познатиот шоумен Жаре Бербер, кој максимално ја загреа атмосферата на сцената.

Кулминацијата се случи со излегувањето на Северина, која со својата препознатлива харизма, моќна изведба и низа вонвременски хитови приреди концерт за паметење, исполнувајќи го капацитетот на МЕГА Шопинг Парк до последното место.

Додека вечерните часови беа резервирани за големиот музички настан, дневната програма понуди богати содржини за сите генерации.

Најмладите посетители уживаа во настапите на интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, детската претстава „Super Music Talent Show“, парадата со маскоти и возбудливото тркало на среќата. Посебен впечаток и силен локален печат остави настапот на школата за тапани при Пионерскиот дом Гевгелија, кои со својот извонреден талент беа вистинско освежување на сцената.

На површина од над 20.000 квадратни метри, МЕГА Шопинг Парк уште во првите денови ја демонстрираше својата позиција како најголем и најмодерен проект од ваков тип во регионот, привлекувајќи илјадници купувачи во внимателно конципираните продажни зони. Во импресивната Fashion зона на 12.000 квадратни метри се сместени: New Yorker, LC Waikiki, Sinsay, Sport Reality, Intersport, Koton, Sara Fashion, Фан Ди Каро, Bonatti, Duki Daso, My Time, Optika Sfera, Mix Box и Naya. Понудата продолжува со специјализираната Home Decor и DIY зона на 5.000 квадратни метри преку реномираните Jysk, Pepco, Sara Home, Comodita, Home+ и Office Plus.

Трговскиот дел е заокружен со капацитетите на Сетек, Тинекс, Зегин, ДМ, Жан Митрев, Skin Clinic и уникатниот концепт NEST 24/7, како и најголемата забавна зона во регионот, Bo Bowling & Gaming Arcade која се простира на 2.500 квадратни метри. Посебен дел од искуството беше зоната Gourmet Avenue со брендовите KFC, Baking Bread, Gyro House, Wall Street и Velvet Bar & Kitchen. Како предводник на модерните трендови и одржливоста, паркот го стави на располагање и својот Smart & Eco сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила, со што се поставуваат нови европски стандарди во работењето.

Овој грандиозен успех на отворањето е потврда дека МЕГА Шопинг Парк не е само локално место за пазарување, туку дестинација со регионален формат која во иднина ќе ја позиционира Гевгелија како централна фокусна точка за квалитетно поминато време и врвна забава на Балканот.

Клучни зборови

  • МЕГА шопинг парк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk