Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Реката Треска мора да се заштити од отпадот, загадувањето и дивоградбите

30 јан. 2025 г.·2 мин читање·2109 прегледи

Следете не на Viber

Зајакнување на инфраструктурата за третман на отпадните води, имплементација на системите за уравување со отпад и модернизација на комуналните услуги, но и јакнење на јавната свест и зголемувањето на мониторингот се само некои од препораките на најновата студија за состојбата на реката Треска. Документот под наслов „Младинскиот активизам за одржлива река: Заштита и промоција на биодиверзитетот на реката Треска“, го изработи невладината Аналитика во соработка со канадската Амбасада, и во него се документирани заканите и влијанијата врз реката Треска, како и на состојбата во која се наоѓа оваа притока на Вардар и нејзиниот жив свет. „Студијата ќе биде од голема полза и исклучително значење за Министерството за животна средина и просторно планирање бидејќи досега не е направена вакво истражување за оваа река, изјави Ане Лошкоска, заменик министерката за животна средина.

Таа посочи дека, во овој момент Министерството односно неговиот сектор за води работи на изработка на слична студија за течението на реката Вардар, неговото речно корито, биодиверзитетот и квалитетот на водата.

Со оглед дека беше неопходно да се изврши прилагодување на македонското законодавство со она на Европската унија во делот на водите, информираше Лошкоска, Министерството е при крај со изготвување на новиот закон за води со кој правиме усогласување со европската регулатива, очекуваме тој брзо да биде и донесен.

Прашана што се превзема во врска со бројните диви депонии и дивоградби на крајбрежјето на реката Треска, заменик-министерката рече дека тие се контролираат од страна на инспекторатот за животна средина но дека се во надлежност и на градот и на општините, притоа апелирајќи во бoрбата против овие појави да се вклучат инспекторите од Град Скопје и од општините, а апелираше и до сите граѓани да покажат свест за зачувување на реката и нејзиното крајбрежје.

(Фото: Фејсбук)

Клучни зборови

  • диви депонии
  • животна средина
  • река Треска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk