Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

„Фич”: Здравите основи на банкарскиот сектор имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата

15 ное. 2020 г.·2 мин читање·1399 прегледи

Следете не на Viber

Рејтинг агенцијата „Фич” го потврди кредитниот рејтинг за нашата земја на ББ+, со негативен изглед, којшто главно ја отсликува неизвесноста поради вториот бран на пандемијата на ковид-19. Потврдувањето на кредитниот рејтинг првенствено се должи на кохерентноста на макроекономските политики, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на фактот што банкарскиот сектор и пристапот на економијата до надворешно финансирање се покажале отпорни на шокот предизвикан од коронавирусот. Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период.

Меѓу другото, од „Фич” истакнуваат дека здравите основи на банкарскиот сектор, заедно со соодветната поддршка од политиките, имаат значаен придонес за ублажување на шокот од пандемијата, обезбедувајќи солидна кредитна поддршка за економијата од близу 7% оваа година. Имајќи ги предвид кризните состојби, посебно се акцентирани одржаната ликвидност и адекватната капитализираност и профитабилност на банкарскиот систем, како и натамошното подобрување на квалитетот на кредитните пласмани.

Според агенцијата, забрзаното ширење на вирусната инфекција претставува главен ризик за извозната побарувачка и странските инвестиции, а со тоа и за растот на економијата во следниот период. Од друга страна, фокусот на структурни и институционални реформи во рамките на евроинтегративниот процес и натаму се истакнуваат како позитивни ризици.

Клучни зборови

  • Кредитен рејтинг
  • Фич
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk