Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Реизбор на м-р Димитри Трповски како член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

10 апр. 2025 г.·2 мин читање·1817 прегледи

Следете не на Viber

Со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија од 03.04.2025 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на м-р Димитри Трповски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 години, сметано од 21 април 2025 година.

Г-дин Трповски продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Банката – Генерален директор за комерцијално банкарство, со посебен фокус на управувањето и координацијата со Секторот за комерцијално банкарство.

Во рамките на неговите надлежности, тој ќе продолжи да ги води стратегиите за финансиска поддршка на корпоративните клиенти и на физичките лица, управувањето со средствата и ликвидноста, развојот на иновативни банкарски производи и услуги, оптимизацијата на деловната мрежа, воведувањето иновативни канали на продажба и унапредувањето на услугите преку платниот промет во земјата и во странство, со цел зајакнување на конкурентската позиција на Банката и остварување долгорочен раст.

Трповски е дипломиран економист и магистер по финансии, со преку 18 години професионално искуство на различни раководни позиции во ТТК Банка АД Скопје.

Клучни зборови

  • м-р Димитри Трповски
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk