Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Регистар на преземен имот: Банките продаваат 165 деловни простории, 91 стан, 134 парцели

17 јун. 2020 г.·3 мин читање·125 прегледи

Следете не на Viber

Податоци за 165 деловни простории, 91 стан, 74 помошни простории, 27 гаражи, 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници), содржи моментно Регистарот на преземен имот наменет за продажба.

Тоа се податоци за имот на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата.

Најголем број деловни простории што се дел од регистарот има во Скопје, 32, по што следи Свети Николе со 21, Кочани со 10, Радовиш, 9, Кратово 8, Битола 7, …. Деловните простории се со површина од 113 до 450 квадратни метри.

Од становите што се дел од регистарот, најголемиот дел, 64, се во Скопје и тоа 28 во Ѓорче Петров, 15 во Центар, девет во  Радишани, четири во Визбегово, по да во Бутел и во Сингелиќ…

Агенцијата за катастар на недвижности го воспостави Регистарот во декември лани.Во него се достапни податоци  за број на парцела и на имотен лист, квадратура, местоположба и сопственост. Податоците автоматски го ажурира Катастарот, но нема увид во цената по која банката ја врши продажбата, ниту пак динамика за продажба на имотот. Тоа го ажурираат комерцијалните банки, а продажбата се евидентира во регистарот кога ќе биде реализирана. Од моментот на воспоставување или продажба на самата недвижност таа се трга од регистарот.

Во втората фаза од проектот беше планирано во базата да бидат вклучени и податоци од извршители, стечајни управници и Министерството за финансии.

Од Агенцијата за катастар на недвижности за МИА изјавија дека се работи на надградбата на системот за вклучувањето на дополнителните чинители. – Се надеваме дека тоа ќе биде наскоро, но, за жал не сме во состојба да утврдиме точен датум, велат од Катастарот.

Истакнуваат дека Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба функционира според предвидената динамика и според предвидените правила на функционирање.  Досега немало пречки од каков било вид, за негово непречено функционирање. Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба го води Агенцијата за катастар на недвижности, но исклучиво врз основа на податоците доставени од субјекти кои ги преземале недвижностите, а кои се наменети за продажба, појаснуваат од Катастарот.

Целта на алатката е на едно место секој заинтересиран инвеститор или купувач на недвижен имот да добие точна информација за недвижниот имот, расположив на продажба.лв/са/

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • катастер
  • куќи
  • недвижности
  • продажба
  • регистар
  • станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk