Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

4 ное. 2025 г.·3 мин читање·1038 прегледи

Следете не на Viber

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи, култури и традиции, а тоа значи и слични образовни системи и предизвици. Токму затоа, полесно ги согледуваме заедничките проблеми и побрзо можеме да најдеме решенија што со мали прилагодувања се применливи во нашите земји. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Регионалниот дијалог за политики за квалитетно образование, што се одржува во Скопје, организиран од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија.

„Во Македонија веќе 16 месеци работи нова Влада која со голем ентузијазам започна нова реформска агенда во образованието. Претходно видовме многу обиди, но малку континуитет. Министрите се менуваа пребрзо, со просечен мандат од година и пол, секој со свои приоритети и идеи. Овој пат, со принципиелноста и решителноста на оваа Влада, уверена сум дека вложениот труд ќе даде резултати на среден рок“, посочи Јаневска.

Дијалогот е можност за експерти од Регионот, врз основа на меѓународните истражувања колку научиле учениците и како работат наставниците, да разменат добри практики и да обликуваат практични решенија за подобрување на резултатите од учењето.

„Секако, не сме задоволни од резултатите на ПИСА тестирањата. Тоа не значи дека нашите ученици немаат знаење, туку дека мораме подобро да ги подготвиме за начинот на кој се тестираат нивните компетенции“, рече Јаневска, додавајќи дека со конкретните чекори за промени што ќе донесат подобри резултати, опфатени се сите сегменти на образовниот систем.

Во основното и средното образование се менуваат наставните програми, се изготвуваат современи учебници, се инвестира во модерна опрема, особено во областа на природните науки. Посебно внимание се посветува на стручното образование, веќе се формирани 7 од 8 регионални центри за стручно образование и обука, од кои 4 се целосно опремени и функционални.

Јаневска укажа дека за само 16 месеци во образовната инфраструктура се вложени рекордни 64 милиони евра. Платите на наставниците се зголемени за 12%, а преку професионален и кариерен развој тие можат да напредуваат, што носи и поголем личен доход.

„Инклузијата е еден од нашите најважни приоритети. Значително е зголемен бројот на асистивен кадар во училиштата, а формирани се и државни основни и средни училишта со ресурсни центри. Работиме и на оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменско работење, за учениците да поминуваат повеќе време таму каде што најмногу учат и растат – во училниците“, појасни министерката Јаневска.

Со цел реформата да има континуитет, Јаневска ја образложи иницијативата за усвојување на Национална декларација за образованието, како собраниски документ што ќе биде патоказ и гаранција дека без разлика на политичките промени, развојот на образованието нема да трпи застој ниту отстапки.

Клучни зборови

  • Весна Јаневска
  • Министерство за образование и наука МОН
  • регионален дијалог
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk